28 Септември, 2024
0.0308

ГТЦ е спремен да ја прими антиката, а на 5 километри од Скопје скапува највредната римска колонија на Балканот!

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Жив штит за одбрана на Градскиот Трговски Центар, но и најава за покренување на  Инцијатива за итно менување на постоечките закони  што треба да го штитат културното наследство.

Од Центарот за заштита на културното наследство за “Фактор“ велат дека се подготвува Иницијатива преку која ќе се направи обид да се спречат натамошни промени на ликот на објектите, особено во центарот на метрополата.

Состојбата се вжештува пред стартот на градежните зафати за нов барокен изглед на ГТЦ.

“Сегашниот закон не предвидува заштита на делата од современата уметност. Сметам дека и тие мора да се стават под заштита со јасно прецизирани законски одредби. Во сегашниот закон има многу пропусти, кога се кроеше решнието не беше прифатена ниту една забелешка од стручната јавност. Сега,  законот е со многу празнини што овозможуваат простор за вакви дејства на интервенции и можност сите различно да го толкуваат. Сегашните интервенции на постоечките објекти земаат голем замав. Преку Инцијативата ќе побараме да се утврди точната листа на сите споменици како и листа на современи објекти чија вредност ќе мора да се валоризира за да се заштитат од натамошни промени“  - објаснува професорката Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за заштита на културното наследство.

Убедена е дека мора да се направат итни законски измени, но се бара начин како Инцијативата да дојде на Пленарна собраниска седница.

“Како Центар за заштита на културното наследство ќе покренеме Инцијатива до Собранието за итни измени на постоечката законска регулатива. Во опција се два начини, или да одиме преку собирање на потребните потписи или пак да побараме поддршка од партиите во Собранието “ – вели Трајковска. Според професорката, додека се менува ликот на веќе постоечките објекти и зданија, без да се утврди нивната културна вредност, новоизградените не ги смета за – идно културно наследство .

“Добивме нешто што претставува феномен во поновата историја на уметноста воопшто, или во поновата историја поврзана со урбанистиката на градовите. Од друга страна на пример, на само пет километри од Скопје се наоѓа стариот локалитет на античко Скупи, од каде што можеа креаторите на “Скопје 2014 та “ многу да научат. Но, на нецели пет километри од Скопје, ова место што е едно од најзначајните и највредните римски колонии на Балканот, е целосно запуштено“ – објаснува професорката.

Во исто време, Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја почна операцијата за отпор против измена на сегашниот лик на Градскиот Трговски Центар.

“Нашиот протест е сегментиран во неколку чекори, така и ќе се движи во текот на идната недела.Овде се работи за кутурно наследство, односно нешто што е дел од наштиот идентитет. Објектот е на некој начин вреднуван како знак на творештвото од крајот на 20 тиот век“ – оцени претседателката на ААМ, Даница Павловска.

Организаторите на протестите очекуваат граѓанска подршка од сите оние што сметаат дека обидот за целосна измена на ликот на ГТЦ е погрешен.

Авторот на барокот и архитектите во војна преку Фејсбук!

Автор на идејното решение за новиот изглед на ГТЦ е Жарко Чаушевски, чие име веќе е врзано и за други зданиа од проектот “Скопје 2014“ како што се новата фасада на Владата, зградата на јавното претпријатие “Водовод и канализација“, како и на зградата за државната администрација на Бихаќка“.

Од Асоцијацијата на архитекти на Макдонија побараа да биде одземено овластувањто на авторите за надградба на Трговскиот со образложение дека конкурсот се реализирал со паушално толкување на законската регулатива, а авторот Чаушевски не постапил етички и професионално кога прифатил да направи такво идејно решение.

Чаушевски, преку својот ФБ профил ја обвини преседателката на ААМ, Даница Павловска дека е дилетант. Тој напиша:

“Жално е што дел од архитектите членуваат во ААМ. Претседателката на истата организација толку е дилетант во проектирањето што не го знае следново : физички лица кои се занимаваат со прооектирање имаат ОВЛАСТУВАЊЕ а правните лица кои се занимаваат со проектирање имаат ЛИЦЕНЦА.  Жарко Чаушевски има Овластување.“ – пиша Чаушевски и прашува:

“Дали измена на фасада на било кој објект (кој не е заштитен) нема еднаква тежина како измена на фасада на објект, кој вие сте го земале како непроменлив. По мене сите објекти имаат иста тежина и заслужуваат еднаков правен третман. Дали било Зграда во Пехчево или ГТЦ, по мене правниот третман треба да биде ист “ – напиша Чаушевски.

Според идејното решение, фасадата која ќе гледа кон Собранието, добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, со бронзени или елементи со златно-жолта боја.

Авторот на ГТЦ е еден од најистакнатите творци на македонската архитектура, сега покојниот професор Живко Поповски.

Можеби ќе ве интересира

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија