19 Декември, 2025
0.0474

На автопатот кој беше отворен со труби и чочеци ќе плаќаме најскапа патарина

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019 14:52

Добивај вести на Viber

Подгответе се да плаќате за најскапата патарина во државата.

Од овој месец, поточно од следната недела сите кои ќе патуваат кон соседна Грција ќе имаат дополнителен трошок за патарина. 

Едната од двете предвидени патарини на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе почне со наплата додека другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта, најскапа е патарината Петровец – Велес на која за да помине патничко возило треба да плати 80 денари. Потоа следат рампите Велес-Градско и Куманово-Миладиновци во двата правци каде за патничко возило таксата е 60 денари. Автомобилите за да поминат на рампите Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци, Скопје-Тетово во двата правци треба да платат такса од 40 денари, додека најевтина е наплатната рампа Тетово-Гостивар и обратно која чини 30 денари.

Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.

Минатата година во државната каса од наплата на патарина се инкасирани 40,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од лани.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?