18 Декември, 2025
0.1483

На бела техника трошиме над 150 милиони евра годишно! Кој продава најмногу уреди за домаќинство?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2022 07:51

Добивај вести на Viber

Нептун останува да биде неприкосновен на пазарот од аспект на остварените приходи. Поуспешен лани од аспект на добивка е Сетек, а најефикасен е Алфи Би кај кого добивка е 10% од приходот од продажба.

Телевизори со рамен екран, компјутери, таблети, „паметни“ машини за перење и сушење, шпорети со рамни плочи, еколошки и штедливи фрижидери, клима уреди и инвертери, мали слатки „гаџети“ за модерни домаќинки... Се ова е на асортиманот на големите продавачи на мало за бела техника. Минатата година продажбата на овие уреди во домаќинство без кои очигледно не можеме пораснала за 15 % односно околу 20 милиони евра повеќе од претходната 2020 година која на одбележа корона кризата.

 Според официјални достапни податоци од Централен регистар во Македонија има четири големи компании кои се занимаваат со малопродажба на уреди за домаќинството или популарно познати како „бела техника“.

Трендот на продажба покажува дека сме „конзумеристи“ и дека сакаме нова технологија и уреди за домаќинствата. Затоа што продажбата лани во споредба со 2020 година само тие четири големи ланци на маркети за малопродажба на бела техника е зголемена за 17 милиони евра односно за 13 отсто.

Споредбата на официјалните податоци покажува дека и понатаму неприкосновен во продажбата е најголемиот ланец маркети „Нептун“ , но најпрофитабилен (сооднос на приход од продажба и остварена добивка) е кумановски Алфи Би затоа што кај него на добивка отпаѓаат 10 отсто. При тоа вреди да се спомене дека токму овој ланец е најмал според остварените приходи од продажба. Најголема добивка лани (во апсолутен износ) има Сетек најголемиот ривал на Нептун.

компанија

приход од продажба

добивка

ранг приход од продажба

ранг добивка

сооднос продажба/добивка

Нептун Македонија

69,1мил.евра

2,5 мил.евра

1.

2.

4%

Сетек

50 мил.евра

2,9 мил.евра

2.

1.

6%

Техномаркет

18,7 мил.евра

0,4 мил.евра

3.

4.

2%

Алфи Би

10,7 мил.евра

1,06 мил.евра

4.

3.

10%

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?