17 Декември, 2025
0.1095

На Централна кооперативна банка трајно и е одземена дозволата за работа со хартии од вредност

Објавено во: Економија 03 Јули, 2013 13:43

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзеде дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Ваквото решение, како што денеска информира КХВ, е донесено врз основа на претходно усвоените одлуки на Управниот и на Надзорниот одбор на банката согласно кои Службата за работа со хартии од вредност ќе престане да врши услуги. КХВ ги задолжи Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност по приемот на решението да ја исклучат од членство Централната кооперативна банка - Служба за работа со хартии од вредност. Со ова, на македонскиот пазар за хартии од вредност активни остануваат четири овластени банки и десет брокерски куќи. На последната седница на КХВ дадена е согласност Лазе Камчев и Маријан Николовски да бидат повторно именувани за извршни директори на Друштвото за управување со фондови КД Фондови АД Скопје со мандат од четири години.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија