НА ЧЕКОР ДО ВОЈНА: Америка на Ким му праќа невидливи бомбардери и најнови ракетни системи
Објавено во: Свет 29 Јули, 2017
Американската војска како одговор на севернокорејските тестирања на балистичката ракета, ќе префрли во Јужна Кореја стратешки и важни системи на наоружување, јавија сеулските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Во соопштенијата се наведува дека под „стратешки важни системи на наоружување“ се мисли на најефикасна воена техника, на пример системи THAAD, носачи на авиони и невидливи бомбардери.
Севернокорејската државна новинска агенција KCNA денес објави дека вчера е испалена ракета Хвасонг 14, иста која е тестирана претходно овој месец, како и дека целта на пробата било да се покаже максималниот домет на таа ракета, со “голема и тешка нуклеарна боева глава“.
KCNA наведува дека Вашингтон треба на оваа проба да гледа како на „сериозно предупредување“.