Зошто откако загина претседателот Трајковски, никој од Македонија не оди на Давос?
Објавено во: Економија 25 Јануари, 2013 15:02
Давос е инетерсен и во истовреме многу важен настан, смета Стево Пендаровски, универзитетски професор кој во 2003-та беше таму како дел од македонската делегација која ја предводеше покојниот претседател Борис Трајковски.
„Таму не се само формалните личности кои носат одлуки, туку таму се и луѓето кои влијаат позади нив. На пример се смета дека во Давос се зачнати на ниво на иди, големи проекти, како Обединета Европа, понатаму еврото како заедничка валута. Сега се дискутира за излезот од кризата, како ќе реагираат светските моќници за да се надмине финансиската и политичката криза. Значи во Давос е важно да бидете, за да наслушнете што и како крупните играчи мислат да прават со светот во наредните години. Давос е значаен оти таму се одредуваат трендовите, а нив ги зацртуваат креаторите на јавното мислење. Секако, таму се и политичарите, меѓутоа по она што јас го знам тие во Давос, слушаат што овие другите кажуваат за да знаат што треба да направат корист на своите народи“, вели Пендаровски.
Што се случува по завршувањето на официјалниот дел во Давос?
По завршувањето на официјалниот дел во Давос, започнуваат неформалните дружења, всушнот тие се веројатно најважниот момент, за да разменат визит картички, за да се претстави државата. Во неформалниот дел, најголемите мултинационални компании прават промоција на некои од своите производи.
„На пример во Давос, во 2003 година Мерцедес правеше промоција на своите најнови типови на возила и тука се среќаваа главните одлучувачи во светот. Панелите се како секоја друга дебата или семинар, сите внимаваат што ќе кажат, но неформалното дружење е навистина битно. Еве на пример, таа година во Давос една од најголемите ѕвезди во неформалниот дел беше кралот од Јордан кој на еден прилично пластичен начин на нашиот претседател Трајковски тогаш му ја објасни ситуацијата на Блискиот исток, а се разговараше и за евентуалното ангажирање на градежнитие фирми од Македонија. Тоа е периодот кога САД се подготвуваше да го нападне Ирак, тоа е времето пред падот на Садам Хусеин. Тогаш јорданскиот крал предвиде многу работи што ќе се случуваат и по паѓањето на Садам Хусеин, така што тоа се драгоцени информации особено за мали држави кои немаат толку често прилики да се дружат со најмоќните“, се присеќава Пендаровски.
Како Mакедонија да се врати во Давос ?
На Давос се оди со покана. На светскиот форум кој се одржува еднаш годишно, може да се учествува само доколку добиете лична покана. Македонија за да се врати во Давос мора самата да бара, да инсистира да учествува.
„Јас го цитирам постојано покојниот претседател Борис Трајковски кој велеше: ако тие не ме побараат, а нема, тогаш ќе ги побарам јас. Тој во ходник ги запираше сите и Џорџ Буш и Владимир Путин, ќе ги застанеше и ќе им се претставеше. Нема суети, кога доаѓаш од мала држава мораш да ги молиш другите да те сослушаат. Една минута средба со тие џинови од моќни држави е важна за два милиони народ“, додава Пендаровски.
Македонски учесници имаше многу малку на Давос
Досега на светскиот економски форум во Давис учествувале само Киро Глигоров, Борис Трајковски и Стојан Андов. На Давос не ве викаат заради функцијата, нив совршено не ги интересира дали сте претседател или премиер на некоја држава, таму ве викаат заради меѓународните контакти кои ги имате и впечатокот кој го имате оставено претходно, тврди Пендаровски.
Меркел, Медведев, Камерон - ѕвезди на годинашното издание на форумот во Давос
Меѓу политичарите кои учествуваат на форумот годинава се британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер во оставка Марио Монти, рукиот премиер Димитриј Медведев. Сите четворица испратија различни пораки. Камерон најави дека ќе организира референдум во Англија за да ја напуштат ЕУ, Меркел побара развој на конкурентноста, Монти му се обраќаше на Берлускони, обвинувајќи го дека ја довел Италија до работ на амбисот, Медведев пак ги повика сите инвеститори да вложуваат пари во Русија.
И.М
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





