19 Декември, 2025
0.1361

НА ДНЕВЕН РЕД: Колку работа ќе се отвори со проектот „Македонија Вработува“

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016 08:32

Добивај вести на Viber

Со проектот „Македонија вработува 2“,  Владата планира да отвори од 15.000  до 20.000 нови работни места. Проектот ќе се реализира под мотото „Борбата за работни места продолжува“. Тој треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот месец.  Во Собранието прво ќе треба да поминат законските измени во законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Со овие законски измени се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории. Законските измени се денес пред пратениците, а за нив ќе немаат можност да дебатираат членовите на опозицијата кои ја замрзнаа својата работа во парламентот. Колку пари се исплаќале за мерките? Субвенционирање на вработување
  • 2013           778.000 евра
  • 2014           618.000 евра
Обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување
  • 2013           83.000 евра
  • 2014           66.000 евра
Обука на работно место со субвенционирање
  • 2015           417.000 евра
Инаку проектот Македонија Вработува како идеја е преземен од телевизиската серија „Куќа од карти“ каде претседателот на САД спроведе проект Америка Вработува.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?