09 Октомври, 2024
0.1238

НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА?! Забележани пукнатини на најопасната централа: „Ќе биде полошо од Чернобил“

Објавено во: Свет 06 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Европските медиуми предупредуваат дека проблемот со протекувањето веќе предизвика дипломатски тензии во неколку земји.

Како што објавува „Гардијан“, едно од најопасните и најголемите нуклеарни централи „Селафилд“, кое се смета најопасното нуклеарно место во Обединетото Кралство, но и во Европа, забележа зголемено истекување од огромен силос на радиоактивен отпад, што може да претставува опасност за јавноста. 

На површината на бетонот и асфалтот се појавија пукнатини над огромното езеро каде нуклеарниот талог се складира со децении (овој „токсичен“ резервоар е познат и како Б30). Загриженоста за безбедноста на зградата која се распаѓа, позната и како силос Магнокс, во Камбрија, предизвика дипломатски тензии со САД, Норвешка и Ирска, кои стравуваат дека Селафилд не успеал да ги реши проблемите.

„Доколку се забрза овој процес може да има значителни последици, а една од нив е загадувањето на подземните води“, се наведува. 

„Селафилд“ вработува 11.000 луѓе, а неговата задача е складирање и обработка на нуклеарниот отпад од програмите за оружје и производството на нуклеарна енергија. Тоа е најголемиот таков објект во Европа.

И документот од 2022 година, на кој „Гардијан“ го погледна, предупредува на „кумулативниот ризик“ од пропусти кои се движат од нуклеарна безбедност до стандарди за азбест и оган. 


„Ризиците од истекувањето на хемикалиите во Селафилд се провлечени длабоко под тепихот“, рече научник од експертската комисија која ја советува британската влада за здравствените ефекти од радијацијата. Во извештајот на ЕУ од 2001 година се вели дека несреќата во Селафилд може да биде полоша од Чернобил бидејќи Селафилд всушност содржи значително повеќе радиоактивен материјал од нуклеарната централа во Украина. Исто така, се наведува дека испуштањето на радиоактивен отпад во атмосферата ќе доведе до експлозии и ќе предизвика авионски несреќи.

„Несреќа на местото може да предизвика облак од радиоактивни честички да се пренесат низ Северното Море, што потенцијално ќе го уништи производството на храна во Норвешка и дивиот свет“, загрижено изјави за Гардијан висок норвешки дипломат.

Ирската влада, исто така загрижена за негативните влијанија врз животната средина, се обиде да преземе акција против Селафилд пред судот на ОН во 2006 година. Во извештајот на Канцеларијата за нуклеарна регулатива (ONR) во јуни се вели дека Селафилд „го смета сегашниот ризик од истекување за најнизок“ и дека „не претставува дополнителен ризик“ за персоналот и јавноста. Во 2019 година, Селафилд пријави истекување од единицата за складирање до ONR, што значително се влоши во текот на следните две години, а претходно непријавен документ откри дека од објектот секој ден истекува помеѓу 2,3 и 2,5 кубни метри радиоактивна „течност“. Споменатата течност содржи радиоактивни струготини од легура на магнезиум растворена во вода, а потекнува од отпадната обвивка што го опкружува потрошеното нуклеарно гориво Магнок.


Инспекторите велат дека не е можно да се утврди колку пукнатини се формирале во силосот, па затоа користат претпоставки и моделирање врз основа на протекување од фабриката. Б30, базен кој содржи нуклеарна тиња и опишан како една од најопасните индустриски згради во Европа, исто така претставува голема закана. Пукнатините во него се влошија во последните месеци, рече еден извор.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи