08 Октомври, 2024
0.0277

На фасадата на МОБ ќе се прикажува просторното насилство во Скопје

Објавено во: Македонија 03 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во паркот Ибни пајко, на фасадата на Македонската опера и балет на 4 август, во 21.30 часот ќе се реализира привремена уметничка интервенција под наслов "Картографија на просторното насилство (Случај на градот Скопје)", на авторите Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова.

Проектот се фокусира на просторното насилство, односно како репрезентациите и констелациите на моќта се отелотворени во архитектурата и урбаните простори, инструментализирајќи ги граѓаните преку политички мобилизации, идентификации и поделби. Во конкретниот случај, проектот преку визуелна методологија и користење на картограм го прикажува просторното насилство во централниот дел на градот Скопје, на тој начин преиспитувајќи го односот помеѓу материјалноста на урбаните простори, згради, споменици, обележја и спектарот на нематеријални процеси, односно симболичките, етничките и социјалните. 

Реализиран како привремена уметничка интервенција на фасадата на Македонската опера и балет овој проект создава дополнителна интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на политички одбележаните простори.

Автори на проектот се Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова, а соработници на проектот се Глигор Постолски, Дрен Невзати и Индрит Османи. 
Авторите изразуваат особена благодарност до Мери Батакоја, Јован Ивановски и студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје кои придонесоа во реализацијата на проектот.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл