На големо се гради трговскиот центар Скопје ист гејт: Доаѓаат H&M, Spar, Billa?
Објавено во: Економија 02 Февруари, 2021
До каде е изградбата на трговскиот центар East Gate mall - компанијата објави видео од активностите на терен. Првичните најави од летото 2020 годна беа дека трговскиот центар ќе биде готов годинава односно сезоната есен-зима 2021 година.
East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје треба да донесе на 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20.000 квадратни метри. Тогаш беше најавено дека во овој трговски центар ќе ја има најголемата Зара на Балканот. Веќе се потпишани комерцијални услови и договори за закуп, а според информациите на Фактор кои се неофицијални во трговскиот центар ќе има и H&M, полските LPP и CCC.
Според нашите информации влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA. Сите планираат да влезат токму во овој трговски центар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.