06 Декември, 2025
0.3303

На градоначалникот му се допаднаа електричните скутери какви ќе се возат низ Скопје

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2014 21:41

Добивај вести на Viber

Пет електрични автомобили и десет електрични скутери ќе се користат за туристичко разгледување на Скопје, со што главниот град ќе започне да се приклучува на глобалниот тренд за електромобилност.

„Електромобилност - помеѓу желбите и можностите“ беше тема на конференцијата која се одржа во Скопје и на која беа презентирани различни модели на електрини возила од понудата на автомобилските салони во земјава.

Градоначалникот Коце Трајановски особено го бендисаа електричните скутери, па најави дека ќе им купи на вработените во градската администрација за да се возат низ градот.

„Ние ќе гледаме да купиме десетина од овие електрични скутери за вработените во администрацијата да се движат низ градот. Многу се евтини, бесшумни се и не загадуваат“, рече Трајановски.

Скутерите трошат 6 денари на 100 километри, а имаат и резервни батерии. Се полнат сто проценти за 25-30 минути. За десет минути батеријата се полни 80 проценти, ако се брзате. Автомобилите трошат 60 денари за 50 километри.

Големата заштеда за гориво, како и намаленото загадување и бучава се главните позитивни страни на електричните возила. Сепак, предизвик е слабата информираност, но и потребната инфраструктура затоа што полначите за електромобили треба да се планираат во урбанистичките планови.

Туристичка прошетка со електромобил низ Скопје ќе чини 50 денари. За цена од 100 денари на час, ќе се изнајмуваат и електрични скутери.

ДАЛИ СТЕ ЗА ПРОШЕТКА СО ЕЛЕКТРОМОБИЛ НИЗ СКОПЈЕ?

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија