17 Мај, 2024
0.0340

На Кина не и доволно да ја има најголемата економија во светот, сега сака и најголема војска!

Објавено во: Економија 05 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Кина во 2015 ќе го зголеми својот воен буџет за 10 одсто, најавила потпаролаката на кинеското парламентарно заседание на Националниот народен конгрес Фу Јинг.

Фу додала дека зголемувањето на буџетот ќе биде во согласност со растот на целокупната потрошувачка и истакнала дека сето тоа официјано ќе биде објавено денеска, кога и почнува седницата на Националниот народен конгрес.

Таа истакнала дека Кина не ја заборавила лекцијата од историја „оние кои остануваат позади ќе бидат на мета на насилниците“.

„Нашата земја ќе се модернизира, а важен дел е модернизацијата на националната одбрана. Тоа побарува одреден загарантиран износ на пари“, изјавила Фу.

Кина во последните годни во контиунитет го зголемува својот воен буџет, и тоа со двоцифрени проценти. Пекинг минатата година го зголеми буџетот на војската за 12,2 одсто или 130 милијарди долари.

Тие го имаат вториот по вредност воен буџет во светот, но се наоѓаат далеку од САД.

За споредба, американскиот претседател Барак Обама за фискалната 2016 година бара за војската буџет од 585 милијарди долари.

Кина истакнала дека зголемувањето на буџетот е неопходно за модернизација на војската во земјата, најголема на светот. Пекинг посилно вложува во високотехнолошката опрема како подморници и стелт авиони, соопштува Би-Би-Си.

Пекинг исто така инвестира во поморските сили, вклучувајки ги и носачите на авиони.

Би-Би-Си изјавува дека кинеските соседи внимателно ја следат воената инвестиција во земјата.

Во последните години, Пекинг зазема агресивен пристап кон поморските територијални спорови кои ги има со Јапан и другите земји во југоисточна Азија, што доведе до зголемување на регионалната тензија.

Како одговор, Јапонија го зголеми својот воен буџет, а тоа го направила и Индија, која има спор за копнената граница со Кина.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија