На кој му пречат велосипедистите во Скопје па ги боде со нож
Објавено во: Македонија 31 Август, 2018
Се повеќе инциденти во главниот град каде на мета се велосипедистите.
Во МВР е пријавен случај на напад на 32 годишен Скопјанец кој бил прободен во грб со нож.
Во МВР случајот го пријавил нападнатиот А.Ш, кој бил мета на А.С. а инцидентот се случувал на булеварот „8-ми Септември“.
А.Ш. заедно со другарот Е.Ш. возеле велосипед кога до нив се приближил „Форд“ во кој имало пет лица меѓу кои бил и напаѓачот А.С. кој од прозор со нож го прободел А.Ш а го погодил и неговиот другар.