На крајот на мај МНТ ќе се всели во новиот објект
Објавено во: Македонија 27 Март, 2013 14:48
До крајот на мај ќе биде готов новиот објект на Стариот скопски театар кога и ќе му биде предаден на Македонскиот народен театар. Свечено ќе биде отворен во септември, на почетокот на новата театарска сезона, со премиера на избраниот текст „Вечна куќа“.
Според планот, отворањето требаше да се случи денеска, на Светскиот ден на театарот. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција во стариот објект на МНТ информираше дека причините за одлагањето се во неповолните временски услови кои ги забавиле зафатите - не е доуреден партерот околу објектот, зашто бил раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструктор инженеринг“ и на тендер е избран нов, не е целосно завршена орнаментиката и не е направено атестирање на сценската опрема и нејзината безбедност.
Министерката се извини за доцнењето и рече дека по 68 години чекање, дополнителни два месеца не треба да бидат проблем зашто се работи за сложен објект во кој се вложени максимални заложби да биде квалитетно изграден и со стандарди какви што имаат театарските куќи од светски ранг. Рече дека на крајот на мај ќе му биде предаден на МНТ завршен до детали, а во летниот период вработените ќе се обучуваат за користење на сценската технологија која е од светски производители и претходно ќе помине на технички прием од стручен тим од Машинскиот и Градежениот факултет.
На новинарски прашања зошто буџетот за театарот од 6 до 8 милиони евра, колку што биле планирани на почетокот на неговата изградба во јануари 2007, достигнал над 30 милиони евра, Канческа-Милевска одговори дека првичниот проект бил само за градежниот дел и дека потоа следувале дополнителни договори за машинство, акустика, ентериер, сценска технологија и проект за партерно уредување, со кој театарот ќе биде поврзан со Музејот на македонската борба. Некои од тие договори имале и анекси поради непредвидени проблеми во процесот на градба, но ниеден не ги надминувал законски дозволените 30 отсто од сумата на основниот договор.
- Неприфатливо е да се пласираат невистини во јавноста дека анекси се прават во четири очи. Секој од анексите е потврден од проектантски и од стручен надзор и се е во согласно со законот. Никаде не се надминати 30 отсто од основниот договор, некаде е 1 или 0,1 процент... Се што е вградено внатре доста чини, а вложеното ќе се види во театарот... целта беше тој да биде максимално квалитетен, да биде како што треба и по сите стандарди. Како пример, објектот има 108 противпожарни врати, рече Канческа-Милевска. Додаде дека сите тендерски процедури се завршени, а точната сума колку чини театарот не може да ја прецизира додека тој не биде целосно завршен и ќе биде позната кога објектот со целата документација ќе му биде предаден на МНТ.
Според архитектот Јован Стефановски-Жан, се работи за седумгодишен процес во кој идеите се менувале и дополнувале во од и фазите биле последователни. Истакна дека објектот е граден во истосриски контекст зашто целта била да се продолжи мислата на старите градители, но стариот театар да се збогати со нови идеи.
Покрај двете сали, голема со 724 и мала со 215 седишта, фоаје на три нивоа и админстративен дел, во објектот на површина од 7.200 метри квадратни ќе има и постојана музејска поставка. Таа ќе содржи фотографии, програмки и плакати од претстави, реквизити, костуми, лични предмети на актерите и стотици илјади документи кои, како што рече авторката на концепцијата Јелена Лужина, ќе покажат дека „театарот на оваа почва не е тиква без корен“.
Орнаментиката ќе биде хронолошка низа на најатрактивните елементи од културата, од антика, среден век до преродбата и со пропорционална застапеност на сите видови уметнички творби (мозаици, скулптури, резби... ), појасни Елизабета Димитровска, претседател на Комисијата за избор на орнаментиката. Уметникот Ѓорѓи Чолаковски зборуваше за ликовните детали, кои ќе бидат мотиви од митологијата и антиката.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





