29 Септември, 2024
0.0258

НА ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ НЕ МУ БИЛ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ВО АВТОБУС СО СВОЕТО КУЧЕ СЕРВИС - ЈСП демантира, тврдат дека на ниту еден граѓанин не му е ускратено правото на јавен превоз

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Јавното сообраќајно претпријатие реагираше на денешната жалба на Коалицијата Менуваме, која имаше поплака дека денесека во автобус на јавниот градски превоз не му бил дозволен влез со своето куче сервис. 

Од ЈСП велат дека Градскиот превоз е за сите граѓани и нема одлука за некаква дискриминација, напротив, велат, работеле на позитивни новини за лицата со попреченост.

„Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз.

ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите.

Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост.

ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани“, се вели во соопштението од ЈСП. 

А, ова следува откако медиумите објавија реакција на коалицијата Менуваме. Од таму нагласиле дека на Александар Велески, лице со попреченост, денеска не му било дозволено да влезе во автобус на ЈСП со своето сервис - куче и тоа по наредба на Град Скопје и градоначалничката, со „што се прекршени законите и Уставот, како и Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ОН“. 

Во соопштението Коалицијата прашува каква е таа одлука и зошто не е објавена и се најавува реакција до меѓународните организации.

„Денеска на Александар Велевски, кој е лице со телесна попреченост во количка и на неговиот четвороножен сервис куче Бен, не им било дозволено да го користат јавниот превоз. По наредба на Градот и градоначалничката донеле одлука лицата со попреченост кои имаат куче сервис да не бидат пуштени во јавниот превоз т.е. во возилата на ЈСП“, се вели во денешното соопштение од Коалицијата Менуваме.

Од оваа Коалиција прашуваат дали има и каква е таа одлука, како и зошто таа не е објавена на страната на Градот Скопје.

Коалицијата Менуваме јавно бара објаснување од Градот Скопје и градоначалничката да се изјаснат за настанатата ситуација, а најавува дека ќе се обрати до канцелариите на ОН, ОБСЕ, и на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“