27 Ноември, 2024
0.0264

На Македонија и Бугарија ќе им тргне во економијата кога ќе ги разрешат политичките прашања!

Објавено во: Економија 11 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Околу 40 отсто од бугарскиот буџет наменет за капитални расходи, се пари од европските фондови. На овој начин Бугарија, државните финансиии има можност да  ги троши за други намени. Македонија има голема шанса, и со добро искористување на европските ИПА фондовите, има можност добро да опстане, вели во интервјуто за Фактор, поранешниот вицепремиер на Бугарија, Костадин Паскалев. Фактор: Колку влезот во Европската Унија влијаше врз развојот на економијата во Бугарија? Во принцип во периодот 2007-2009 година, а Бугарија е членка на ЕУ од  1-ви јануаро 2007 годиниа, во тие први години од влезот во ЕУ, Бугарија восхитувачки се развиваше. Но за жал набрзо после тоа започна светската економска криза, поточно  во 2009 година. Од тие причини сметам дека е тешко е да се направи проценка дали било колку било позитивно влегувањето на Бугарија во ЕУ. Сметано од 1 –ви јануари 2007 година,  Бугарија располага со многу повеќе финансиски ресурси за реализација на инфраструктура во сферата  на бизнисот, што пак придонесува за создавање на здрава конкурентска средина. Така што според мене, генерално  влезот на Бугарија во ЕУ имаше  позитивен ефект за развојот на земјата, па и од економски аспект. Фактор: Каков е животниот стандард и како Бугарија се справува со економската криза? Во првите две години имаше нагло зголемување на стандардот на граѓаните. Можам слободно да кажам, дека во  период од 2006 до 2009 година, според статистичките податоци,  имаше окулу 40 отсто  зголемување на стандардот, но за жал од 2009 година работите тргнаа надолу. Во однос на справувањето со економската криза, сметам дека тоа оди многу тешко. Реално гледано Бугарија е финансиски стабилна, но приходите на населението се доста ниски. Фактор: Последните случување со Кипар и Словенија, ја потресоа ЕУ. Од една страна Кипар пред извесен период со амин на ЕУ ја спасуваше Грција, сега од друга страна Кипар се најде во ситуација да биде обвинет и казнет од ЕУ. Како ги оценувате ваквите случувања и дали кризата може да се прошири и во други земји? Кипар и Словенија не се нешто ново, нешто што сега се појавува. Работите започнаа во Грција, поминаа и низ Шпанија, се случуваат во Кипар, така што според мене, ова веќе не е некоја особена типична криза, повеќе би рекол дека се работи за шпекулативна криза на фондовите и пазарот на финансии. Во однос на тоа како Кипар се најде во таква состојба, би кажал дека тоа се должи на неправилното водење на финансиите. Сметам дека тоа секогаш води кон таква ситуација. На пример, ако вие  имате плата која е 500 евра , а трошите 750 евра, доаѓа време кога треба тоа што повеќе сте го потрошиле да го вратите. Фактор: Колку е важно искористувањето на парите од европските фондови за развојот на економијата? Ајде да кажеме вака, Бугарија за  инфраструктура, за капитални расходи на годишно на државно ниво издвојува окулу 3,000,000,000 евра , заедно со средствата што ги користи од  ЕУ, се  вкупно окулу 5,000,000,000. Со други зборови , околу 40 отсто од средствата кои се за развој на инфраструктурата во државата,  во моментот се европски. Тоа значи дека имаме многу голема можност да се ослободат државните финансиски ресурси за развопј и поттикнување на други работи, а европските да се користат за реализација на инфрастуктурата. Во тој поглед, сметам дека Македонија има голема шанса, и со добро искористување на европските ИПА фондовите, има можност добро да опстане. Фактор: Во моментов во Македонија е актуелно искористувањето парите на една од компоненти на ИПА, поточно ИПАРД прогрмата наменета за развој на земјоделството. За жал Македонија парите што требаше да ги искористи до крајот на минатата година, не успеја тоа да го стори во целост па голем дел од тие пари ќе пропаднат. На кои грешки треба да внимаваме при користењето на парите од европските фондови? - Ние точно за ова разговаравме и со колегите од  Бугарско- македонската Стопанска комора. Мислам дека основниот проблем е лошата организација. Треба да се создаде добра организација внатре во државата, која е задолжена за усвојување на предпристапните средства. Поточно, би требало да направите таква организација која 80-90 % од средствата ќе направи да се користат ефективно. Кога државите како Бугарија и Македонија реализираат само околу 20 до 40 отсто од парите од европските фондови, тоа е веќе малку и загрижувачки. Фактор: Како ја оценувате соработката на економски план меѓу Македонија и Бугарија? -Не доволно добра, сметам дека може да биде и многу подобро. Според мене прво двете држави треба да се ослободат од политичките обележја. Економските услови во Македонија не се лоши. Македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, изјави дека во  моментов Македонија има добра инвестициона клима, како што и Бугарија. Инфраструктурата во Македонија е добра, но патната врска меѓу Бугарија и Македонија не е доволно добра. Поради овие причини треба проектите кои долго време се коментираат како проектот Куманово – Ќустендил, што побрзо да се реализираат. Мое мислење е дека од многу приказни и од многу зборење нема корист, има корист само од работа. Јас се занимавам со политика од 23 години и имам многу поголеми очекувања. Соња Јанковска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници