09 Октомври, 2024
0.0262

На Мечкин Камен ќе се делат свирчиња

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

„Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен“ ќе организира паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август и најави дека ќе се делат свирчиња на одбележувањето на „Денот на Републиката“.

„Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори. Со себе понесете и труби и разни свирчиња. Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен. Не наседнувајте на било какви провокации и заплашувања, не ни можат ништо. Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава. Македонија е на Македонците Никогаш северна , само Македонија Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава. Од иницијативниот одбор”, се вели во соопштението.

Инаку на официјалната манифестација на која почит ќе оддадат домашни и странски политички делегации ќе говори премиерот Зоран Заев. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера од Крушево повика на достоинствено прославување на празникот.

„МВР ги презема сите мерки прославата на Илинден да помине во најдобар ред. Да го прославиме, достоинствено и чесно Илинденското востание и да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина“, порача Спасовски.

Инаку слоганот на владеачката гарнитура пред прославата на националниот празникл гласи „Сите сме деца на Илинден“.



Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл