20 Декември, 2025
0.0640

НА МЕТА БУГАРСКОТО ПОДМОРЈЕ: “Шел” ќе истражува нафта и гас во Црно море!

Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2015 10:50

Добивај вести на Viber

Компанијата "Шел Експлореишн енд Прадакшн (LIX) Б.В." е избрана за носител на дозвола за пребарување и истражување на нафта и природен гас во блок "1-14 Силистар", во бугарското подморје.

Вчера комисијата ја заврши својата работа и имаме избран изведувач за истражувањето во најголемиот блок - "Силистар", тоа е компанијата "Шел" - еден од светските лидери во индустријата, коментира пред новинарите министерот за енергија Теменужка Петкова, пренесоа агенциите.

Според неа од "Шел" ќе вложи во истражувањата 18,6 милиони евра без ДДВ и ќе плати на државата 4.9 милиони евра без ДДВ бонус за потпишување на договорот за пребарување и истражување.

Според министерот ова е многу сериозен успех и еден од првите и важни чекори за диверзификација на изворите и правците за испорака на природен гас.

Предложената работна програма на компанијата вклучува 2-D и 3-D сеизмички студии, како и мерки за заштита на животната средина, човековото здравје и културните вредности, соопштија од Министерството за енергетика на Бугарија.

"Ројал Дач Шел плс" - компанијата-мајка на "Шел Експлореишн енд Прадакшн (LIX) Б.В.", речиси 30 години е лидер во длабински истражување и екстракција и има повеќе од 20 големи проекти. "Шел" го познава добро црноморскиот регион, бидејќи неодамна изврши длабински прелиминарни дупчења во блок на Турција во западното Црно Море.

Се очекува договорот за пребарување и истражување во блок "Силистар" да биде потпишан до месец откако владата ќе го одобри и го овласти министерот за енергетика да го склучи. Петкова изрази надеж до крајот на октомври да има потпишан договор со компанијата.

Во одговор на новинарски прашања, министерката рекла дека за блок "Силистар" имало и други кандидати, купиле документација, но само од "Шел" поднеле понуда.

Од компанијата имаат опција за дупчење, ако проценат дека треба да се направи.

При блок "Терес", за кој исто така беше прогласен конкурс, имало купени документи од пет компании, но не е добиена понуда, поради што ќе започне постапка за прекин на натпреварот, информираат од министерството.

Лансирањето на конкурсите за пребарување и истражување во длабокото Црно Море беше една од првите одлуки на Владата во енергетската сфера. Намерата е да се зголеми локалната екстракција чекор кон она што е и истражувањето на блок "Силистар".

Во напредна фаза е и истражувањето во блок "Хан Аспарух", за што беше склучен договор во 2012 година

Во почетокот на следната година претстојат првите прелиминарни дупчења во блок "Хан Аспарух".

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација