29 Септември, 2024
0.0353

На министерот за здравство му се смачи: Побргу да заврши истрагата за Онкологија

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Фатмир Меџити денес побара од Обвинителството побргу да заврши истрагата со скандалот со изнесување скапи лекови од Универзитетската клиника за радиологија и онкологија и да излезе со конкретни резултати.

- Ќе упатам апел до Обвинителството дека крајно време е веќе да излезат со конкретни факти кој се огрешил, кој не се огрешил. Го повикувам и Министерство за финансии, експресно да ни одговорат за кадарот затоа што мора да ни дозволат тука да вработиме кадар. Идната година е изборна и да не останеме без кадар и да ги оставиме пациентите, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Тој ова го кажа при посетата во Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде е отворена предистражна постапка по наводите во јавоста за злоупотреби со терапиите.

Во однос на тоа дали ќе има терапија за наредната година во Клиниката за радиотерапија и онкологија, министерот Меџити посочи дека и да има можни задоцнувања, сепак ќе има терапија за пациентите на оваа клиника.

-Да бидат смирени. Еве тука ве уверувам дека пациентите ќе бидат под терапија, ќе има терапија, но дали може неколку дена да доцни терапијата, да, знаете тоа не зависи од нас има тендери, има јавни набавки максимални, нагласи министерот.

Тој исто така повика и на „олабавување на притисокот кон Клиниката за онкологија и за персоналот што работи таму“.

-Овој притисок и овој товар кон здравствените работници на клиниката за радиотерапија и онкологија е преголем. Навистина се соочуваат со макотрпна работа, а секој ден расте бројот на новозаболени. Ние не можеме да предвидиме точно со бројка колку ќе ни треба терапија. Затоа постојано работиме сите да бидат ставени под терапија, рече Меџити.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“