НА ОДМОР ВО БУГАРИЈА: Без фен, клима, и автомати за пијалоци
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Сопствениците на сместувачките капацитети во соседна Бугарија се должни на секој турист да му обезбедат заштитна маска и заштитни ракавици.
Се советува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои може да ги заменат за вентилатори.
Храната мора да се сервира само на отворени простори – на хотелски тераси, почитувајќи ја мерката за растојание.
Мора да има растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.
Воведени се посебни барања во однос на температурата на складирање и миење на користени садови. Организирање на забавни настани за деца е дозволено само на отворено.
Спа центрите во хотелите засега се затворени. Базените ќе работат повторно со почитување на пропишаните мерки.
За разлика од нив, хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со гости сомнителни на коронавирусот. Освен тоа, треба да имаат лекар и соработник.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.