19 Декември, 2025
0.0570

На овие барања Обама ќе мора да одговори!

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2013 08:30

Добивај вести на Viber

Секоја граѓанска петиција која има повеќе од 25.000 потписи мора да биде удостоена со некаков одговор од Белата куќа. Американците оваа можност си ја користат на големо и си собираат потписи со кои подоцна си добиваат свој одговор од Белата куќа. Ваквиот начин е навистина корисен за отварање на дебати и прашања за кои можеби не се дискутира како што треба. Па така дури и петицијата да не успее барем се отвара корисна дебата. Не знаеме каква е ситуацијата кај нас, но делува како корисна демократска алатка. Сепак за некои петиции Обама сеуште нема дадено мислење, па во овој текст направивме збир на најинтересните петиции на кои Обама ќе мора да одговори. 1.Импичмент на Обама 48.000 потписници бараат да се гласа довeрба на претседателот. Причините се дека ги внел САД во војна во Либија против уставно, дека со новиот закон за здравствено осигурување без разлика дали сакате или не мора да бидете осигурани и дека лажел кога ја давал заклетвата за претседател.  2.Јавно објавување на истражувањата финансирани од владата 52.000 потписи. Се бара достапност за сите научни истражувања кои се финансирани од државата. Бидејќи сите плаќаат за нив според потписниците сите и треба да имаат корист од нив. Достапноста на информации ќе им помогне на голем број на студенти, професори, обични луѓе кои за различни причини сакаат да имаат достапност до информациите 3.Обележување на генетски модифицирана храна 60.000 Американци бараа од Обама да реагира на оваа тема. Прашањето со генетски модифицирана храна веројатно ќе биде многу значајно во годините кои следуваат. Се поголемото население на планетата мора да се прехранува на некој начин. Од друга страна ГМХ е доста контраверзна. Во САД сеуште нема закон со кој ваквата храна се обележува. Луѓето смеаат дека имаат право да знаат што јадат. Ние ги подржуваме 4.Пребројте ги ливчињата Скоро 70.0000 граѓани на САД сметаат дека изборите биле наместени и бараат пребрјување. Велат дека во полно области во Охајо (која беше една од клучните држави) Обама добил повеќе гласови од што има регистрирани гласачи. Оваа петиција тешко дека ќе помине. 5.Легализирајте ја марихуаната Тема која трае со години. Скоро 90.000 потписници има оваа петиција. Пред се се мисли за легализацијата на медицинската марихуана. Иако демократите се либерални ова исто така тешко дека ќе пројде 6. Протерајте го Пирс Морган Над 100.000 потписи. Кампањата е водена од Алекс Крос (креаторот на теории на заговор) и како што читате има голема подршка. Образложението е дека овој британски државјанин ја поткопува земјата и работи против неа. Оваа кампања се засили по оние епизоди во кои Морган бара да се укине користењето на огнено оружје во САД, нешто од кое што голем број луѓе по никоја цена не сакаат да се откажат. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците