13 Декември, 2025
0.0376

Гигантот Комерцијална фрли око на банката на Трифун Костовски - на повидок големо банкарско преземање

Објавено во: Економија 27 Септември, 2019 06:50

Добивај вести на Viber

На повидок ли е големо преземање на домашната банкарска сцена? Најголемата и една од најмоќните македонски банки, Комерцијална, вчера обзнани пред јавноста дека ја разгледува можноста да ја купи банката на познатиот скопски бизнисмен, Трифун Костовски, поради што веќе биле остварени и контакти меѓу раководствата, заради првична размена на информации. 

Сепак, од Комерцијална банка се внимателни, велат - ова не мора да значи дека зделката со сигурност ќе се реализира. 

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина. Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, соопштија од Комерцијална банка.

Првите луѓе на Комерцијална и на Еуростандард банка, Хари Костов и Николче Петковски, вчера попладнето откако беше објавена веста, практично како да се заколнаа на молк, никој не одговараше на својот мобилен телефон да каже нешто повеќе за можната банкарска трансакција. Тоа е и логично бидејќи е вообичаено да се почитува клаузула на доверливост додека се преговара за вака сензитивни банкарски операции.

Комерцијална банка е џин на македонскиот пазар, иако во првото полугодие од годинава нејзината добивка практично се преполови во споредба со истиот период лани. Нејзиниот профит за првите шест месеци тежи 11 милиони евра, наспроти 21,5 милиони евра колку што оствари во истиот тајминг минатата година. 

Мината година, пак, Комерцијална банка профитираше со 29 милиони евра, а за тоа своите први луѓе, односно тројцата членови на Управниот одбор, ги награди со 826 илјади евра. Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на „Комерцијална банка“ од дивиденда на своите акции во банката за лани оствари нето приход од 87.000 евра.

Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, единствен сопственик на над 5 отсто од капиталот на банката е компанијата „Адора Инжинеринг“, која поседува 10,09 отсто од акциите на банката. Останатите акционери, располагаат со помалку од 5 проценти од капиталот. 

Во август лани, групацијата Балфин и Комерцијална банка објавија дека ја преземаат Тирана банка, од Пиреус банката, со тоа што Балфин поседува мнозинство од овие акции. Балфин и Комерцијална банка соработуваат долго во земјава, беше нагласено, и и ова е прва инстанца за заедничко работење во Република Албанија. Купопродажната трансакција беше предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните држави. Тогаш беше објавено и дека Балфин и Комерцијална банка планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, и предводена од меѓународен Управен одбор ќе продолжи да ги проширува активностите на Банката во Албанија.

Еуростандард банка, пак, минатата година ја заврши со загуба од 6,33 милиони евра. Банката има намалено пазарно учество по основ на нето приходи од камати, има многу голем раст на резервациите за кредитни пласмани во услови кога се намалени кредитните пласмани, а бележи голем раст на депозитите. 

Еуростандард банка пред извесен период беше во интензивни преговори за продажба на капиталот на бугарски финансиски инвеститорЕуростандард банка е во сопственост на два еднакви субјекти со идентични права и обврски - Г.О. Ф.И. Груп (G.O.F.I. Group of Finance and Investment SA) од Мелиде Швајцарија која поседува 50 отсто од капиталот и за кој стои бизнисменот Трифун Костовски. Половина од капиталот е во сопственост на E.H.H. Eastern Hemisphere Holding SA исто така од Мелиде Швајцарија.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?