22 Јануари, 2025
0.0407

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Топлификација АД Скопје објави дека продава свои удели од 10,8 отсто во гасната централа ТЕ-ТО и дека ќе бидат понудени на продажба во среда и четврток. Понудата е на барање на Комерцијална банка, а вредноста на акциите се со почетна продажна вредност од 17,6 милиони евра.

- Ве известуваме дека на 28.02.2024 година (Среда) и 29.02.2024 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба два пакети акции и тоа:

На 28.02.2024 година (Среда) ќе се понудат за продажба 25 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,00% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“. 

На 29.02.2024 година (Четврток) ќе се понудат за продажба 2 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 0,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“, гласи најавата за аукција на „Македонска берза“.

ТЕ-ТО АД Скопје работи со комбинирана централа во Скопје со топлинска енергија од 160 мегавати (MW) и капацитет за производство на електрична енергија од 220 MW. Постројката е во мнозинска сопственост на кипарската Битар холдингс лимитед, која пак е во сопственост на рускиот производител на електрична енергија ТГЦ-2.

Во 2022 оствари приходи од 320 милиони евра и направи добивка од 11,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ИМ Е ЛЕСНО НА БУГАРСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Колку од нив се на работ на сиромаштија?

НЕ ИМ Е ЛЕСНО НА БУГАРСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Колку од нив се на работ на сиромаштија?

Министерката Божиновска и амбасадорката Агелер: Силно партнерство со САД - Разговори за енергетска иднина

Министерката Божиновска и амбасадорката Агелер: Силно партнерство со САД - Разговори за енергетска иднина

СПАС ЗА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА – ШТО СЕ ДОГОВАРА ВО ДАВОС?: Ќе има бонус за секој што купува електричен автомобил

СПАС ЗА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА – ШТО СЕ ДОГОВАРА ВО ДАВОС?: Ќе има бонус за секој што купува електричен автомобил

АКО СТЕ НАДВОР ОД ЕУ, НЕМА КУПУВАЊЕ ИМОТ: Eвропска земја воведува ограничувања

АКО СТЕ НАДВОР ОД ЕУ, НЕМА КУПУВАЊЕ ИМОТ: Eвропска земја воведува ограничувања

ХРВАТИТЕ ОТКРИЈА ПЕСТИЦИД ВО ЛУК: Од која земја е производот?

ХРВАТИТЕ ОТКРИЈА ПЕСТИЦИД ВО ЛУК: Од која земја е производот?

КРИСТИН ЛАГАРД СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ДАВОС - Европа мора да биде подготвена за царините на Трамп

КРИСТИН ЛАГАРД СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ДАВОС - Европа мора да биде подготвена за царините на Трамп

„РЕПЛЕК“ ОТКРИ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО СЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ - еве во кои проекти ќе се вложат средствата

„РЕПЛЕК“ ОТКРИ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО СЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ - еве во кои проекти ќе се вложат средствата

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

Трамп ја лансираше „Ѕвездената порта“, проектот вреден 500 милијарди долари предизвика берзански земјотрес

Трамп ја лансираше „Ѕвездената порта“, проектот вреден 500 милијарди долари предизвика берзански земјотрес