На продажба седум парцели градежно неизградено земјиште во Чешиново-Облешево
Објавено во: Македонија 29 Август, 2013
Општина Чешиново-Облешево ќе продава седум парцели градежно неизградено земјиште со површина од 250 хектари, за што деновиве од Владата е добиена согласност.
Новото градежно земјиште, лоцирано во месноста Свети Атанас, ќе биде наменето за изградба на незагадувачки капацитети.
- Седумте градежни парцели веднаш ќе бидат распродадени бидејќи нивната местоположба е атрактивна, а има интерес од малостопанственици за изградба на објекти од незагадувачки карактер, истакнува градоначалникот на општината Чешиново-Облешево, Костадин Личков.
Во тие капацитети ќе се вработат дел од невработените лица од општина, а средствата од продажбата голем дел ќе бидат искористени за изградба на повеќе комунални инфраструктурни објекти во населените места во општината.