На саем во САД, се бараат инвеститори од автомобилската индустрија
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2013 17:06
Инвестициските можности што ги нуди Македонија во автомобилската индустрија се претставени на светскиот конгрес што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари.
Како што соопштија македонските претставници, остварени се средби со претставници на голем број компании со кои контактираат веќе подолго време, како и со компании присутни на економското претставување на Македонија од страна на Владата во ноември лани во Детроит.
„Присуството на државна институција од Македонија на конгресот беше позитивно оценето и од организаторот и од голем дел од учесниците кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции“, соопштија од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.На конгресот во Детроит учествуваат над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од САД и светот. Презентации извршија претставници на Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи и БМВ, како и глобални производители на компоненти како Денсо, Континентал, Магна, Џонсон Контролс, Брос и Борг Варнер. Беа презентирани и перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година. Освен Македонија, со свои штандови на конгресот се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана.
Конгресот се одржува во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот „North American International Auto Show“ (NAIAS).* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





