09 Октомври, 2024
0.0277

НА ШАМПАЊ ПОТРОШИЛЕ РЕЧИСИ 104 ИЛЈАДИ ЕВРА - за настаните во Домот на лордовите купени се повеќе шишиња од минатата година

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Речиси 90.000 фунти (околу 103.751 евра) се потрошени за шампањско за настани во Горниот дом на британскиот парламент, Домот на лордовите, минатата година, што претставува најголема сума одвоена за оваа намена во последните пет години, пренесува Гардијан.

Детали за продажбата на вкупно 1.589 шишиња шампањ по цена од околу 56 фунти (околу 64,50 евра) се добиени од Шкотската национална партија (SNP), по барање за слободен пристап до информации.

Вкупната цена од 88.987 фунти (околу 102.583 евра) е нешто повисока од вкупната сума доделена во 2022 година, кога за девет шишиња помалку од ова се платени 85.462 фунти (околу 98.520 евра).

Новообјавените податоци, според СНП, докажуваат дека Домот на лордовите бил „архаичен и несвесен“ во време кога растела кризата со трошоците за живот.

„Парламентот, каде што неизбраните лордови земаат 342 фунти (околу 394 евра) на ден само за да се појават, не е способен правилно да го претставува народот“, рече Томи Шеферд, пратеник на Шкотската национална партија (СНП) за Источен Единбург, додавајќи дека податоците до кои неговата партија дојде, ќе предизвикаат гнев кај граѓаните.

„Гласачите ќе бидат огорчени кога ќе слушнат дека додека се бореле да го балансираат финансирањето на своите домаќинства и да платат за основните работи како намирници и енергија, неизбраните лордови точеле шампањ“, рече Шепард, истакнувајќи дека изминатата година беше обележана со криза на трошоците за живот во Вестминстер, која доведе до пад на животниот стандард и турна многу домаќинства во сиромаштија.

Од друга страна, портпаролот на Домот на лордовите тврди дека целиот алкохол, вклучително и шампањот, бил продаден на горниот дом на британскиот парламент со профит.

- Поголемиот дел од шампањот што се продава во Домот на лордовите го купуваат посетителите во продавницата за подароци или го продаваат на банкети на организации или поединци кои се домаќини на настани во Домот на лордовите, рече портпаролот, додавајќи дека „овие шишиња шампањ не се платени од парите на даночните обврзници“. 

СНП нема застапеност во Домот на лордовите поради нивното противење на тој неизбран дом на британскиот парламент.

(Извор: Танјуг)

Можеби ќе ве интересира

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако