На што најмногу пари трошат македонските граѓани?
Објавено во: Економија 03 Април, 2016 11:41
Македонските граѓани од личната потрошувачка одвојуваат 43% за набавка на храна и безалкохолни пијалоци.
Ова е наведено во соопштението на Државниот завод за статистика, објавено по повод Светскиот ден за заштита на потрошувачите. За плаќање на сметки се трошат 17.4% од средствата, за облека и обувки 5.8%, а исто толку пари се даваат и за превоз и сообраќај. За останати стоки и услуги се трошат 4.6% од парите од домашниот буџет, за покуќнина, опрема за куќа и одржување се издвојуваат 4.5%, за рекреација и култура 4%, за комуникации 3.9%, за здравје исто толку. За цигари и алкохол 3.4%, исто колку и за ресторани и хотели. Најмалку пари се трошат за образование, и тоа 0.4%.
Бројките покажуваат дека 87.7% од граѓаните поседуваат мобилен телефон, 57% имаат компјутер, а автомобил имаат 52.1%.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




