04 Декември, 2024
0.0265

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ОВА: Најбогатите Американци станаа уште побогати минатата година

Објавено во: Финансии 30 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Најбогатите Американци станаа уште побогати минатата година и сега изнесуваат вкупно 44,6 трилиони долари (44.600 милијарди долари) благодарение на скоковите на берзата, објави во четвртокот Си-Ен-Ен, цитирајќи ги новите податоци на Федералните резерви.

Федералните резерви ги дефинираат најбогатите еден процент од американските граѓани како оние чие лично богатство е повеќе од 11 милиони долари. Комбинираните нето средства од таа класа се зголемија за околу два трилиони долари во последниот квартал од минатата година, според американската мрежа.

Тоа во голема мера се должи на растот на берзата кон крајот на годината, бидејќи вредноста на акциите на корпоративните и заедничките фондови во сопственост на најбогатите граѓани на САД се зголеми од 17,65 трилиони долари на 19,7 трилиони долари.

Американците од средната класа, исто така, наводно, забележале зголемување на своето богатство, но податоците на Федералните резерви покажаа дека најбогатите имаат најголема корист од скокот на берзата.

Според „CNB“, најбогатите десет проценти од Американците поседуваат 87 проценти од индивидуалните акции и заеднички фондови, од кои половина им припаѓаат на оние кои го сочинуваат најбогатиот еден процент, кои поседуваат и 30 проценти од вкупното богатство.

Ова го продолжува берзанскиот бум што започна во 2020 година во екот на пандемијата на Ковид 19, според „CNB“. Оттогаш, нето богатството на најбогатите еден процент порасна за околу 15 трилиони долари или речиси 50 отсто.

Иако беше во опаѓање во 2021 и 2022 година, нееднаквоста во САД почна повторно да расте во 2023 година, според американската мрежа, додавајќи дека јазот меѓу богатите и сиромашните се вратил на нивоата пред пандемијата.

Нееднаквоста, која беше во опаѓање во 2021 и 2022 година, повторно почна да расте во 2023 година, пишуваат медиумите, истакнувајќи дека јазот во богатството се вратил на нивоата на пред пандемијата, пренесува РТ Балкан.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра