05 Декември, 2025
0.0690

На сите луѓе им треба хуман третман, не да ги боцкаме како стока во приколка: Фотографијата која зовре реакции

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2021 11:30

Добивај вести на Viber

Повозрасна жена качена на дрвена приколка на трактор ја вакцинираат две медицински сестри – ова е слободен опис на фотографијата која предизвика многу реакции во јавноста. Ја сподели министерот за здравство Венко Филипче вчера, објавувајќи повеќе фотографии од почнатата теренска вакцинација. Фотографијата која требаше да сигнализира колку добро се одвива процесот сепак предизвика лавина негативни коментари.

Може ли да дадете објаснување зошто жената ја вакцинирате позади во тракторот? Зошто немате тим за асистенција на стари и изнемоштени лица? Дали сметате дека само затоа што некој е стар и живее во порурална средина не треба достоинствено да се третира? Најстрашно е што Вие и Вашиот ‘паметен’ тим во ова не гледате ништо лошо и срамно, напротив сте ја ставиле и прва фотографијата, пишува во коментар на фотографијата.

Се редат и други

Засрамете се...

Ова не е достоинствено...


Инфлуенсерката Ина Многуфина напиша

„Мислев дека не може подоле од возење мотор во ден кога има 35 мртви но сликата со жената што ја вакцинираат во приколка е бушење на дното. Замисли, неподвижни луѓе, ги дигале, ги ставале на трактор, ги возеле до негде кај и да е на овие високи температури да ги вакцинираат во приколка. Башка тоа што медицинскиот персонал не носи маска. Мачеле неподвижни луѓе, не можеле они да одат до кај нив да ги боцнат. Нема возила? Ако не сакате да влезете у службените што ви ги имаме купено, качете се на истиот трактор и одете, ако можат неподвижните можете и вие здрави прави. Сите луѓе треба да добијат хуман третман, не да ги боцкаме ко стока у приколка на летвички...беда!!!! Беда, стои во нејзината објава.

Но има и различни мислења.

И во Лос Анџелес ли немаат брза помош комбиња, а твитер експерти? Ах бре сезнајковци, напиша Ајс ти на твитер и сподели фотографија.


„Вчера ја видов сликата од бабичката која се вакцинираа у приколка и искоментирав:
„Браво за стариве, вака така отишле да се вакцинираат, не се како овие антиваксериве да одбиваат нешто за нивно здравје.И толку. И сеа гледам тука дебати сте правеле. Дали сте нормални, пишува Базичен на твитер

                                                           

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите