22 Ноември, 2024
0.4523

НА СКОПЈАНИ ИМ ДОСТУДЕ, ПАРНО МОЖЕ ДА ИМА ВО ЧЕТВРТОК? - какви се условите за загревање пред грејната сезона

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Скопје ќе добијат парно греење во своите домови во четврток, дознава Фактор неофицијално. Според нашите информации, такви биле временските прогнози што ги испратила Управата за хидрометеоролошки работи за следните неколку дена, односно временската прогноза за четврток покажувала дека просечната дневна температура за тој ден ќе се спушти под 12 степени целзиусови. Тоа, пак, е потребниот услов за радијаторите да бидат топли веќе во четврток наутро, зборуваат неофицијалните информации.

Сепак, како што велат нашите извори, ова не треба да се земе како сосема сигурна најава, бидејќи во последен момент можат да се сменат временските прилики, па граѓаните ќе мора да почекаат уште некој ден за да доживеат топли утра.

Она што со сигурност се знае, е дека денеска парно дефинитивно ќе нема, бидејќи времето ќе биде потопло, сончево, а дневните температури ќе одат и над 20 тиот степен. Парното најверојатно нема да пристигне и во среда, бидејќи и во текот на утрешниот ден дневните температури ќе одат исто така над 20 степени целзиусови, иако се предвидуваат и врнежи од дожд.

На официјалната веб страница на БЕГ секојдневно се информираат потрошувачите дали се создадени надворешни услови за да се затоплат нивните радијатори. За вчера беше објавено дека такви услови нема.

Инаку, иако деновиве дневните температури не се ниски, сепак утрата и вечерите се многу свежи, па дел од граѓаните реагираат дека „веќе е крајно време надлежните да пуштат парно“, бидејќи тие буквално се смрзнуваат во нивните домови. Многумина се жалат дека се принудени да користат дополнителни уреди за затоплување, односно или греалки, или да ги вклучуваат своите клима уреди, за да ги премостат ладните вечери и утра, додека радијаторите остануваат ладни.

„Цела година плаќаме парно, но мора да има вакви неколку дена пред стартот на грејната сезона кога буквално се смрзнуваме, и да се загреваме како знаеме и умееме“, вели една скопјанка која бара да остане анонимна.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека услов за да се пушти парно, сега пред грејната сезона на 15 октомври, е просечната дневна температура да биде под 12 степени целзиусови. Штом се добие такво известување од УХМР за наредниот ден, системот се подготвува и се вклучува парното.

Фактор постави прашања и до БЕГ, кога оваа компанија планира да пушти парно за граѓаните.

УСЛОВ Е ПРОСЕЧНИТЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ ДА СЕ ПОД 12 СТЕПЕНИ

Од компанијата нагласуваат дека законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне после 30 септември, односно од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусовуи, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

За денеска од БЕГ нагласуваат дека температурите не укажуваат дека парно треба да биде пуштено.

„За ден 5.10.2021 година, не се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, велат од БЕГ, а за тоа се известгени и потрошувачите на веб страната на овој снабдувач со топлинска енергија.

„Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 14 степени целзиусови за 5.10.2021 година (денеска) од Управата за Хидрометеролошки работи“, велат од БЕГ.

Фактор праша и, со оглед што од следните денови се најавуваат веќе значително намалени температури, дали може да се очекува парно и кои услови треба да се исполнат за граѓаните да добијат парно греење. Од компанијата на ова одговараат дека „секој ден компаниите во рамки на групацијата БЕГ добиваат одлука дали се создадени услови за производство и испорака на топлинска енергија од РКЕ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура за Скопје од УХМР“.

Инаку, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски, деновиве имал состанок со претставници на трите компании снабдуувачи со парно, односно БЕГ, топлана Скопје Север и ЕСМ Енергетика, односно таканареченото „железарско парно“. Тие го известиле дека системите се во ред и дека грејната сезона практично може да почне.

Еинствено околу 150 објекти не си ги исполниле обврските, бидејќи некои поединци станари во тие згради си ги менувале радијаторите. Сега поради тие поединечни случаи се доведува во прашање пуштањето парно во цела зграда, па затоа тие објекти биле известени да ги отстранат пречките.

Исто така, имало и неколку случаеви каде што Советите на тие згради или компаниите не ги платиле сметките за струја, па тоа е проблем што не можело навреме да се обезбеди топлинската енергија.

На нашето прашање до БЕГ дали се направени потребните проверки и корекции онаму каде што има дефекти во системот, од овој снабдувач велат дека во текот на ремонтниот период завршени се сите активности за сигурно, безбедно и континуирано производство на топлинска енергија. Во месец септември се извршени сите неопходни проверки и топланите се подготвени за почеток на новата грејна сезона 2021/2022.

„Дистрибутивната мрежа со која управува БЕГ е спремна за почеток на претстојната грејна сезона 2021/2022. Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период. Заклучно со месец септември се извршени сите редовни проверки на подстаниците и на нивната функционалност. Дополнително, со цел да се обезбеди сигурна и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона, извршени се повеќе ладни проби во дистрибутивниот систем“, објаснуваат од БЕГ.

Нагласуваат дека во моментов во 152 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона  да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. 

„Во околу 50 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, во 12 не е обезбеден пристап на службените лица до топлинската станица а во 90 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Повторно апелираме до потрошувачите да ги отстранат дефектите во внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација)“, потенцираат од компанијата.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria