На скопскиот и охридскиот аеродром бројот на патници е зголемен за 22 проценти
Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 13:21
Според последниот извештај на ТАВ, на скопскиот и охридскиот аеродром, бројот на патници во јуни годинава пораснал за 22 проценти, во споредба со истиот месец лани.
Во јуни годинава на аеродромите во Скопје и Охрид имало 107.178 патници, во споредба со 88.092 патници од јуни 2012 година.
Бројот на патници на двата аеродрома во периодот од јануари до јуни годинава е зголемен за 17 проценти, во споредба со истиот период минатата година.
И статистиката за последниве 12 месеци покажува раст на бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид. Имено, во периодот од јуни 2012 до јули 2013 година бројот на патници е зголемен за 9 проценти, во споредба со бројот на патници од јули 2011 до јуни 2012 година.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




