На спектакуларен настан, „Тиквеш“ ги претстави вината од брендот „Луда Мара“

Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 11:38
Со мотото „Гледај го светот во очи“, во извонредна атмосфера исполнета со артистички содржини,„Тиквеш“ го промовираше својот автентичен бренд „Луда Мара“, во Музејот на современата уметност во Скопје. Моќниот слоган на брендот „Луда Мара“- „Гледај го светот во очи“, е повик за љубителите на виното храбро да се соочуваат со сите животни предизвици и со реалноста, не предавајќи се на рутината и не бегајќи од можностите, искуствата и предизвиците што ги носи животот.Силната порака на брендот „Луда Мара“е поткрепена со целосно нов визуелен идентитет, кој ја надополнува неговата приказна.
Брендот „Луда Мара“ го носи името на истоимената река која минува низ Кавадарци и има огромно влијание врз создавањето на виното и винската култура во овој регион низ вековите. Бројните легенди за оваа река ја опишуваат нејзината понекогаш грижлива, а понекогаш непредвидлива природа. Со своите излевања таа ја хранела и збогатувала почвата, но исто така ја покажувала и нејзината нескротлива сила. Оваа река е олицетворение на двојноста на животот и симбол на човечката издржливост и рамнотежата помеѓу човекот и природата.
Карактерот на реката Луда Мара опишан во овие легенди е инспирација за создавање на брендот „Луда Мара“, како и на дизајнот на етикетите на вината што се дел од него, повикувајќи на свесност и храбросоочување со животот.
Покрај уживањето во прекрасната атмосфера, на настанот присутните пријатели на „Тиквеш“, вљубеници во виното и јавни личности, имаа можност да ги пробаат врвните вина од брендот „Луда Мара“. Под овој бренд се достапни четири вина и тоа две купажи„LudaMaraWhiteCuvée“ и „LudaMaraRedCuvée“, како и две сортни вина „LudaMaraTemjanika“и „LudaMaraVranec“.
Темелниот пристап за креирање на овој бренд е базиран на успешно етаблирање на вината „Луда Мара“ на домашниот и на странските пазари. Следејќи го примерот на другите добро познати брендови на „Тиквеш“, како „Т’га за југ“, „Александрија“ и вината од специфични микро-локации, се очекува и брендот „Луда Мара“даги освои срцата на потрошувачите и набрзо да стане еден од водечките брендови на пазарот.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ - ова се деталите

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

ЗАРА НИКОГАШ НЕ ГО НАПУШТИ РУСКИОТ ПАЗАР, СКРОИ СОВРШЕН ПЛАН: Западните компании на разни начини ја оставија вратата на Русија за враќање

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година
