17 Декември, 2025
0.0805

На Србија и се заканува еколошка катастрофа – тешки метали во реката Јадар!

Објавено во: Балкан 09 Август, 2014 14:26

Добивај вести на Viber

Тешки метали, носени до тиња и вода од оштетеното јаловиште на некогашниот рудник во Костајник кај Крупањ, стигнале во реката Јадар во регионот на Лозница. Резултатите од анализата на Агенцијата за заштита на животната средина покажуваат големи концентрации на железо, манган, арсен и кадмиум во оваа река, а постои можност преку Јадар опасните материи наскоро да стигнат и во Дрина и во Сава. Според експертите, ова ќе претставува огромна еколошка опасност за Белград и за цела Србија. Присуството на тешки метали во речните води одговара на високо загадена вода од четврта и петта категорија, заради што е потребна итна реакција. Излевањето на токсичните материи од јаловиштето на некогашниот рудник за антимон започна по мајските поплави во Србија, кога дошло до оштетување на заштитната брана. „Ако по два месеца од пукањето на браната, опасните материи во високи вредности стигнале до Јадар, тоа значи дека тие наскоро би можеле да се најдат во Дрина и Сава. Ова е тревога за целата област, но и за Србија и затоа треба што поскоро нешто да се преземе“, апелира членот на Градскиот совет на Лозница задолжен за заштита на животната средина Драгослав Добриќ.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни