29 Септември, 2024
0.1978

На Тимоние не му се допаѓаат „бомбите“

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Објавувањето на прислушкувани разговори потив власта не му се допаѓа на Кристијан Тимоние, францускиот мабасадор во Скопје, и во интервју за Радио Слободна Европа вели дека тоа ја прави Македонија ранлива во очите на Европа во клучниот период пред да се одлучи дали оваа година ќе добие датум за преговори со ЕУ.

„Сепак остануваат многу точки кои треба да се надминат, особено легитимноста на правната држава и владеењето на правото за да се постигне независност во судството. Особено во поглед на СЈО, затоа што станува збор за институција од која имавме големи очекувања и се уште очекуваме многу. Треба таа институција да се стекне со одредено прифаќање од страна на општеството, за да институцијата се најде над сите критики и ќе треба прашањата поврзани со лична природа да бидат, тргнати на страна. Но за жал, во едно општество, како што е ова, каде што постои вистинска поларизација е доста тешко. Но тоа се конкретни работи со кои ќе треба да се соочите. Ние тоа го знаеме, го следиме тоа со големо внимание, не сте единствените во регионот. Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бомби“, преку прислушувани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме докази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика“, рече Тимоние одговарајќи на едно од прашањата.

Порачува дека подобрата состојба во општеството и владеењето на правото ќе донесеа побрз Датум за преговори и дека Франција во моментов го скенира прогресот пред клучниот период на носење одлуки на есен.

„Мислам дека вистинското прашање постои овде, кај вас, а не кај нас. Ако политичката состојба во општеството, владеењето на правото, тоа е она што ние го посакуваме, тогаш не ќе имаше проблеми, не ќе имаше исклучок од принципите. Уште еднаш ќе потенцирам сè уште се очекуваат резултати на терен кои што треба да бидат испорачани. Од декларативно односно од законодавната работа да преминеме на суштинска работа, но и во спроведување во пракса, во кое што ќе се вклучат судските власти, безбедносните служби, сите кои можат да работат на начин кој што е според критериумите на една правна држава и да постои вистинска желба дека тоа е во служба на граѓаните. Значен број на важни реформи беа спроведени. Особено Антикорупциската комисија, забележуваме дека има тежина особено во реструктуирањето на владата, сето тоа покажува дека повеќе не е како претходно“, тврди Тимоние.

Дипломатот вели дека Македонија повеќе треба да се посвети на оперативната соработка со земјите од регионот и од ЕУ и дека нашата земја ќе потпише договор на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон со Француската агенција за развој да може да делува овде.

„Договорот ќе биде вистинска алатка за нашата идна соработка со таа европска визија, бидејќи посакуваме таа соработка да биде во мултилатерални рамки, со француско-германска димензија. За нас тоа е вистинскиот оперативен пат, надвор од маркетиншките операции за датумот. Ние посакуваме оперативно да постои желбата за интеграција“, најавува тој.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“