05 Декември, 2025
0.1125

На толку инвеститори, нема добра понуда за Тајмиште – тендерот во аут!

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013 08:41

Добивај вести на Viber

Иако на Тајмиште до сега атакуваа инвеститори од Норвешка, Турција, Канада, Индија... за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план  за рестартирање на рудникот, со што ќе стане и негов газда за најмалку 30 години. Катерина Попоска По едномесечно скенирање на понудите на инвеститорите премиерот Никола Груевски на владината седница одржана на 3 јануари пресече-за сега никој нема да ја искористува железната руда од кичевско Тајмиште. Со ова поништена е постапката за избор на концесионер кој ќе го рестартира АД Тајмиште и од него ќе се експлоатира железната руда најмалку 30 години. “Постапката за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина- руди на железо на АД Тајмиште Кичево на локалитетот Тајмиште, општина Зајас се поништува од причина што во текот на евалуацијата на понудите за Тајмиште имаше само една прифатлива понуда“, оценил премиерот. Последните неофицијални информации од Министерството за економија пак,  беа дека Италијанска, Норвешка и Канадска компанија атакуваат на Тајмиште. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Со странската инвестиција во Тајмиште, Владата очекува да се отворат нови работни места и овој рудник да стане нов извозен капацитет. „Очекуваме рудникот да биде нов извозен капацитет на Македонија и делумно замена за увозот на рудата што ќе се вади од овој рудник“, изјави неодамна премиерот. Иако во јуни годинава министерот за економија Ваљон Сараќини објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Турските инвеститори навреме не уплатија два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од кичевско Тајмиште. Според последниот тендер, концесионерот на Тајмиште имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. За овој рудник до сега се интересираа инвеститори и од Индија, Америка, Англија, Бразил, Мексико, Русија и од Кина, но за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план  за рестартирање на Тајмиште за да стане и нов газда на рудникот. За сега нема најави кога Тајмиште повторно ќе им се понуди на инвеститорите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?