20 Декември, 2025
0.0412

НА УДАР И ЛЕТНИТЕ ПОПУСТИ И РАСПРОДАЖБИ: Кризата во Грција се продлабочува

Објавено во: Балкан, Економија 25 Август, 2016 10:40

Добивај вести на Viber

Кризата во Грција, која продолжува, удари и врз традиционалните летни попусти.

За разлика од другите години, кога продавниците се натпреваруваа да ги урнат цените во периодот јули - август, сега отстапките се доста едноставни, а стоката за распродажба доста скромна како свое количество.

Многу од продавниците и воопшто вработените во сферата на услугите, особено во главниот град Атина, преферираат да затворат во текот на летото или да работат само во одредени денови, за да прават заштеди. Нормалниот ритам се обновува само во последната недела на август и почетокот на септември, кога локалните жители се враќаат од одмор.

Многумина кои живеат и работат во Атина, раскажуваат дека кризата се чувствува се посилно. Според нив невработеноста расте, и достигнала до рекордни вредности.

Се почесто се покажува дека работодавците сакаат да обезбедат работници само за 2 или 3 дена од неделата, наместо на реалното полно работно време. И оние кои се потпирале на тоа дека ќе можат да се пензионираат мирно во Грција, сега не гледаат перспектива тоа да се случи.

Најзагрозена е перспективата за младите кои завршуваат високо образование, но нема каде да се вработат. Ова важи не само за иселениците во Грција, но и за самите грчки млади кои во последно време масовно заминуваат да бараат рабвота во Германија или САД.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација