НА ЗЕМЈИТЕ ИМ Е СЕ ПОТЕШКО ДА ДОЈДАТ ДО ПАРИ:Еве кои се причините

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2023
Растот на каматите го отежнува пристапот на државите до финансиските ресурси, беше објавено на Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночните администрации во Бечиќи.
Министрите за финансии на земјите од регионот се согласни дека зголемувањето на каматните стапки не е од корист ниту за стопанството, ниту за граѓаните и дека затоа е неопходно да се применат одредени политики.
Од ММФ велат дека храната и енергијата имале најголемо влијание врз инфлацијата во земјите од регионот, па затоа се потребни мерки за поддршка на најранливите групи на население.
„За сите земји од Западен Балкан, финансирањето станува сè поскапо. Неопходно е да се продолжи со фискална консолидација, но фискалните правила не треба често да се менуваат. ММФ е тука да им помогне на земјите да воспостават одржливи макроекономски рамки и земјите од Балканот работат на фискални аранжмани со ММФ“, изјави шефицата на канцеларијата на ММФ за Западен Балкан, Стефани Верена Ебле.
Скапите државни долгови влијаат и на растот на јавниот долг, а најдобар биланс, како што беше речено, има Босна и Херцеговина, чиј јавен долг е само 35 отсто од БДП.
„Нашиот проблем е неможноста да пристапиме до меѓународните финансиски пазари. Високите каматни стапки негативно ќе влијаат на јавниот сектор“, рече Зоран Тегелтија, министер за финансии на БиХ.
Претседателот на Фискалниот совет на Република Српска Миленко Крајишник рече дека јавниот долг ќе биде предизвик бидејќи финансирањето на долгот е тешко.
„Поддршката на ММФ е значајна и мислам дека може да ни даде поповолни заеми во однос на каматните стапки што ги имаме на финансискиот пазар“, рече Крајишник.
На средбата беше најавено дека сите земји од регионот мака мачат со сивата економија и дека работат на воведување на сивата економија во легални канали.
Можеби ќе ве интересира
КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производтвото на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања
ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191
