19 Декември, 2025
0.0555

НАБРГУ УШТЕ ПОЛЕСНО ДО РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - ќе има нови правила, се воведува и „карта на шанси“

Објавено во: Економија 14 Мај, 2023 21:17

Добивај вести на Viber

Германската економија не успева да го реши проблемот со недостигот на работна сила, а владата се надева дека барем малку ќе го ублажи со либерализација на имиграцијата.

Според „Фајненшл тајмс“, министерот за труд Хубертус Хејл рече дека Германија ќе создаде „еден од најсовремените имиграциски режими во Европа“ за да го ублажи недостигот на работници што стана „вистинска кочница за економскиот раст“.

Министерката Хејл посочува дека имиграциската реформа е дел од пошироката кампања на владата на канцеларот Олаф Шолц за привлекување талентирани работници од целиот свет, за ублажување на влијанието на неповолните демографски трендови и за овозможување прилив на доволен број квалификувани работници, што стана водечки проблем за некои од најголемите европски компании., пренесува порталот biznisinfo.

Во интервју за FT, Хејл изјави дека постои „очајна“ потрага по работници во многу сектори на германската индустрија, а ситуацијата само ќе се влошува во иднина, имајќи предвид дека генерацијата на бејби бумер полека заминува во пензија.

– На Германија ќе и недостигаат 7 милиони работници до 2035 година доколку не направиме нешто, рече Хејл.

- А тоа на крајот може да стане вистинска кочница за нашиот економски раст, додаде министерот задолжен за секторот за труд.

Изменетата регулатива за имиграција, која Бундестагот треба да ја одобри во следните неколку недели, ќе отстрани голем дел од постоечките бариери за имиграција и вработување на странци во Германија.

На пример, странците ќе можат да се вработат иако немаат професионална квалификација според германските стандарди, објасни Хејл.

- Доволно ќе им биде да имаат договор за работа со германски работодавач, одредено работно искуство и да имаат завршено стручно образование во својата земја, додаде министерот.

„Картичка за можности“

Германија ќе воведе и „картичка за можности“ кои ќе им овозможат на имигрантите да собираат поени врз основа на нивното стручно образование и работно искуство, познавање на германски јазик и возраст под 35 години.

– Кој има доволно поени ќе може да дојде во Германија и да бара работа, изјави Хејл, која таа министерска функција ја извршува од 2018 година.

Друг закон кој наскоро ќе биде доставен во собраниска процедура ќе им овозможи на странците полесно да добијат германско државјанство.

(Фајненшл тајмс/Biznisinfo.ba)

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии