НАБРЗО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КАКО ЌЕ СЕ ГРАДИ ЧЕБРЕН: Божиноска вели при крај се со пресметките
Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 11:43
Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
-Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда евра што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот, рече Божиновска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Националниот самит за дигитална енергетска и безбедна критична инфраструктура.
Нагласи дека уште во декември е формирана работна група за Чебрен под координација на Министерството која веќе имаше неколку состаноци.
-Проектите за Чебрен кои се во ЕСМ се од 1962 година и досега имаше 14 неуспешни тендери. Овој пат сакаме се да направиме како што треба. Разгледуваме дали ќе биде Чебрен со Галиште, колку метри ќе биде браната и при крај сме со пресметките колку тоа ќе чини, појасни Божиновска.
За новиот Закон за енергетика, што беше изгласан неделава во Собранието, рече дека се чека да биде потпишан од претседателката и да стапи во сила, потенцирајќи дека е битно што е направен првиот чекор и е донесен законот.
-Некои работи што се предвидени во Законот веќе почнавме да ги работиме како што е енергетската сиромаштија за која веќе се изработува методологијата. Некои фирми веќе ги разгледуваат опциите за изградба на батерии за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори. Тоа значи дена неколку работи се веќе почнати, но станува збор за процес. Нешто ќе биде брзо, а нешто пополека зашто ќе треба да се изработат и подзаконски акти, оцени Божиновска.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




