29 Септември, 2024
0.0242

“Набуко” ќе ги полни европските гасоводни цевки

Објавено во: Анализа 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Иран е подготвен да доставува гас во Европа по гасоводот "Набуко", а две европски земји веќе се заинтересирани, посочи пред иранските медиуми заменик-министерот за нафта на Иран, Али Маджеди. Според неговите зборови, во момент кога Европа планира да рашири испораките на енергетски ресурси, Иран со своите најголеми гасни резерви во светот може да му испорачува на Стариот континент гас преку "Набуко". Маджеди соопшти дека неодамна Иран бил посетен од делегациите на две европски земји, кои тој не ги именува. Целта им била да дискутираат за можните правци, вклучувајќи и резерви преку Турција, Ирак, Сирија, Кавказ и Црното Море. Според него најдобар е турскиот пат. "Набуко" би бил бескорисен без иранскиот гас, забележува иранскиот заменик-министер. Според него гасот од наоѓалиштето "Шах Дениз" во Каспиското Море ќе биде недоволен за овој гасовод - приносот од ова наоѓалиште ќе биде не повеќе од 8 милијарди кубни метри гас годишно, а силата на гасоводот е планирана за минимум 23 милијарди кубни метри годишно. Маджеди посочи дека Турција изразила интерес за учество во испораката на гас од Иран за Европа. Освен тоа Иран има потенцијал да испорачува "сино гориво" на Европа во форма на течен гас. "Набуко" е неуспешен проект за гасовод долг 3 300 километри од Туркменистан и Азербејџан до земјите од ЕУ, пред сè Германија и Австрија. Вредноста на проектот се одредуваше на 7,9 милијарди евра. Во конзорциумот за неговата изградба влегуваа OMV, унгарската FGSZ, бугарската Булгаргаз, романската Transgaz, турската BOTAS. Подготовките за проектот започнаа во 2002 година. Првично се планираше изградбата да почне во 2011 година и да заврши до 2014 година, но спроведувањето постојано се одложува поради проблеми со евентуалните снабдувачи на гас. На крајот на 2011 година беше соопштено дека роковите за пуштање на проектот се утврдени за 2018 година. Во јуни 2013 година беше најавено дека со овој проект се завршува, а приоритетен станува Трансјадранскиот гасовод. K.K.