07 Октомври, 2024
0.1406

Нацев: ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите пред домовите на пратениците на СДСМ

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На изјавата за медиуми пред Јавното Обвинителство, Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека  ВМРО не стои зад протестите пред домовите на пратениците на СДСМ.

Го почитуваме уставно загарантираното право на протест и се оградуваме ако има говор на омраза, но не сме организатори на протестите пред домовите на дел од пратениците од СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму потсетуваат на протестите кои претходно се одржувале пред домот на екс премиерот Груевски.

„Протестите кои се случуваат деновиве, не се нешто ново, се сеќаваме на протести кои биле побрутални, се сеќаваме на протестите кај поранешниот премиер, се сеќаваме на некои неумесни пораки преку социјалните мрежи, така што, ние ја почитуваме слободата на изразување, но секогаш осудуваме говор на омраза или повик на политички линч“, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Според Нацев, правдата не е правда, доколку е селективна.Јавното обвинителство замижува пред криминалот на власта, а без никаква основа, како што рече, се монтираат обвиненија и се инсистира на притвори за сите кои не ги делат истите политички убедувања со Зоран Заев.

„Последен е скандалот во министерството за внатрешни работи. Медиумите ги потврдија информациите дека Оливер Спасовски без тендер доделил милион евра на фирма од неговото Куманово која е партиски донатор на СДСМ. Што треба да се случи за Јавното обвинителство да се заинтересира за овој скандал? Не ли му е барем малку сомнително на Јавното обвинителство тоа што возилата Шкода се набавуваат од фирмата Де Лукс Ауто, а не од овластениот увозник за Шкода во Македонија?“, рече Нацев.


Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер