Национален ден на Власите - Од Вангел Дину, преку Михајло Пупин, па до Тома Фила

Објавено во: Економија 23 Мај, 2018
Михајло Пупин бил и еден од главните советници на америкаснкиот претседател Вудро Вилсон. Во времето на овој претседател кое се поклопува со поделбите на Македонија вп 1912 и 1913 година, Белата куќа има издадено соопштение дека САД не сакаат да видат поделена Македонија
На денешен ден со посебен указ (ираде) во 1905 година Власите се признати за посебен народ од страна на султанот Абдул Хамид Втори во рамките на Отоманската империја, а за да го доловиме вистинското значење и влијание на оваа заедница за нашето поднебје ни помогна Љупчо Зиков, основачот на изданието „Капитал“ кој неодамна ја одби владината покана да биде директор на МЕПСО.
Оваа тема во историјата се наметнува како една од поинтересните но и најконтрoверзните ако се знае дека Власите живеат речиси на целиот Балкански полуостров и се еден од најстарите народи овде. Станува збор за народ кој настанал со доаѓањето на Римјаните на овие простори и основањето на Источното Римско Царство (Византија).
Вистинското име на овој народ е Аромaни ... но во ралични држави носат и ралични имиња како Власи (Македонија) Влахико и Куцо Влахи (Грција) Цинцари (во Србија и поранешните југословенски простори) ... Има една посебна група која се нарекува Фаршероти (оваа група во 1900 година во Њујорк го основа и првото посебно здружение на Власи).
„Со оглед на тоа дека Власите денес немаат своја држава, тие се здружени во Светската лига на Власите со седиште во Париз.
Откако Али Паша Јанински до темел го изгорел градот, Власите од овој град доживеале егзодус и се раселиле насекаде. Еден добар дел во Далмација (Дубровник, Сплит до Истра) еден дел во денешна Република Македонија (Крушево) а еден дел во Виена и Белград. Познат е на пример Баронот Сима во Виена кој бил голем донатор и филантроп. Тој бил главен финансиер на најубавиот мост во Будимпешта, денеска главната туристичка атракција ... Во Виена познат Влав е еден од најголемите диригенти на 20 век Херберт Вон Карајан (роден Карајанис) чиј дедо потекнува од Гревена (Грамос) денес во Грција.
„Во Грција познати Власи се фамилијата основачи на светскиот бренд „Булгари“ кои во средината на 18 век од селото Невеска во Грција се исселуваат во Италија и понатаму за нив е се познато... Светски позната компанијата „Булгари“ е основана од Сотир Булгари, роден во Епир во Јанина каде го отвориле првиот дуќан за накит. Преку Крф се иселуваат во Неапол, па во Рим.
Влав е и Рига од Фера еден од најголемите историски ликови во Грција од поново време. Тој се залагал за обединување на целиот Балкан во една држава. Негово мото е дека Балканот е премногу мал за во него да има толку многу и раскарани држави ...
„Во Србија други познати Власи се Цинцар Марковиќ, Јован Јовановиќ Змај, Стерија Поповиќ, Коча Поповиќ - министер за надворешно работи на СФРЈ и еден од најблиските соработници на Тито. За него се вели дека со Авероф, кој во исто време бил министер за надворешни работи на Грција, комуницирал исклучиво на влашки јазик.
Во Македонија познати Власи биле на клучни места во пoновата историја. Вангел Дину бил премиер на Крушевската Република. Питу Гули не треба да го коментираме ... па се до денес кога во разни епохи влијателни Власи се на разни позиции во комунистичка Македонија и по независноста во бизнисот, финансискиот сектор и политиката ...
Занимавајки се претежно со економија и трговија, Власите градат силни врски со соседството пред се поради својата историја на заедништво. Тоа дава еден нов квалитет за македонската екoномија и политика на Балканот. Tреба повеке да се користи ова во иднина.
На крај го запрашавме дали е точен митот дека припадниците на влашката заедница не се многу расположени кога треба да почастат некого.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Владата му порача на ЕСМ да го продолжи договорот со топланите на Адора

Што се случува во Црна Гора каде стотици хотели се продаваат?

Бектеши: Не разговарам со Сојузот на стопански комори

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

БАНКАРСКИ БРАК ПОД ПРИСИЛА: Зошто швајцарскиот план за спас на „Кредит Свис“ повторно ги зацрвене берзите

Ако сигурната Швајцарија не може да ги спаси своите банки, тогаш кој може?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

Битиќи: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата
