06 Декември, 2025
0.0388

Националната агенција за наплата (NAN): Една година градење доверба и финансиска дисциплина

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2025 13:07

Добивај вести на Viber

Социјално одговорниот пристап кон финансиската дисциплина и наплатата на побарувања доби нов облик во Македонија. Национална агенција за наплата (NAN), која е дел од Flex Group, денес го одбележа првиот роденден, со осврт на резултатите постигнати во првата година од своето работење.

Основана како одговор на сè поголемите предизвици во наплатата на побарувања, NAN функционира како платформа што овозможува правна, но флексибилна и дискретна наплата, без притисоци врз клиентите и со почит кон етичките стандарди.

Компанијата започна со работа како внатрешен сервис за поддршка на наплатата во рамки на Flex Group, но за брзо време ја прошири својата дејност и кон надворешни клиенти, домашни компании кои имаат потреба од професионален и транспарентен пристап во наплатата. За само една година, NAN воспостави партнерства со една банка, неколку финансиски институции и компании од нефинансискиот сектор, уште една потврда за довербата во етичкиот модел на наплата.

Од компанијата велат дека првата година била година на позиционирање на моделот:

„Нашата цел беше да го воспоставиме процесот, да изградиме доверба и да покажеме дека наплатата може да се води на достоинствен начин, со фокус на одржување на добри деловни односи. Процесот на наплата кај нас е индивидуализиран и целосно усогласен со законските регулативи. Секој случај го третираме со високо ниво на етика, професионалност и транспарентност, како кон клиентите, така и кон должниците. Веруваме дека успешната наплата не значи само подобрување на ликвидноста, туку и создавање фер услови за отплата, со целосна заштита на личните податоци и почит кон секој учесник во процесот,“ информираат од тимот на NAN.

Покрај работата со правни и физички лица, NAN вложува и во дигитализација на процесите, автоматизирана комуникација и аналитика, со што овозможува поефикасна поддршка за клиентите и побрза наплата.

По една година работење, компанијата бележи зголемена побарувачка за услугите и позитивен тренд во повратот на средства. Иако пазарот на управување со побарувања сè уште се гради, од NAN најавуваат дека ќе продолжат со вложување во транспарентна пракса, соработка со компании од различни индустрии и отворање на нови модели за партнерства.

*ПР објава 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј