17 Мај, 2024
0.2991

Над 100 ресторани за свадби аплицирале за неповратни грантови од државата

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Крешник Бектеши, министерот за економија, не очекува да има промена на работното време на угостителските објекти за дочекот на Нова Година, иако вели тој, постојано прима предлози од угостителските комори да се зголеми работното време за празничната вечер.

- Работното време останува според препораките и мерките на Владата и според актуелните рестрикции. Она што можам да кажам е дека, согласно актуелната здравствена состојба, нема да има дополнителни рестрикции за работното време, а олеснувања може да има само ако процентуално се намали бројот на позитивни, рече Бектеши пред медиумите по средбата со претставникот на угостителите.

На повикот за помош во неповратни грантови кој се затвори на 4 декември аплицирале 1.000 ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, сместувачки објекти за поврат на такса и туристички водичи. Над 100 апликации од оваа бројка се поднесени од ресторани за свадби.

Со оглед на големата сума, Бектеши рече дека сите ќе ги добијат грантовите и дека нема да има потреба од принципот „Прв дојден, прв услужен“, а единствено само ќе треба субјектите да ги исполнуваат условите.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија