Над 120.000 службеници се ангажирани во државните институции
Објавено во: Економија 31 Март, 2016 16:46
Во 1.288 институции во земјава, работат 128.347 службеници.
Ова стои во објавениот прв годишен извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор.
Најмногу вработени има во јавните установи 64.168, каде најбројни се во образованието, 34.338, а зад нив се здравството, труд и социјална политика и култура. Податоците денеска ги соопшти министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
„Прв пат во Македонија, но и споредбено и во државите во регионот, на ваков систематизиран и прегледен начин се ставени на располагање податоци кои ги интересираат како граѓаните, така и научната и стручната јавност“ - рече Арсовска Томовска.
Со високо образование се 47.529 од службениците или 43,37 % од вкупниот број, а во јавниот сектор има вработени и 2.165 мажи.
Сите службеници можат да пријават злоупотреба, притисок или неправилност, во врска со претстојните избори, на телефонскиот број 02/3200 899, на мобилен телефон 072 228683 или на е-маил адресата izbori@mioa.gov.mk.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




