06 Декември, 2025
0.0313

НАД 18 ИЛЈАДИ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - казните се изречени, ќе имаат ли ефект?

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2025 10:48

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари до 30 септември годинава казнети се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без да имаат возачка дозвола. Најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на Струмица и Скопје, каде биле изречени 3.275 и 3.202 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

- На територија на СВР Битола санкционирани се 2.811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2.086 мерки, а во СВР Куманово санкционирани се 1.660 возачи за управување без возачка дозвола.

Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој временски интервал биле изречени 1.634 мерки за возачи кои учествувале во сообраќајот спротивно одредбите во членот 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возеле без возачка дозвола, додека пак на територија на Секторот за внатрешни работи Велес 1.466 возачи управувале возило без возачка дозвола, на подрачје на СВР Штип изречени се 1.238 мерки, а на територија на СВР Охрид 1.086 санкции - посочуваат од МВР: 

Додаваат дека само во првата недела од октомври, односно заклучно со 7 октомври 2025 година во рамки на сообраќајните контроли досега констатирани се 373 прекршоци за учество во сообраќај без возачка дозвола.

- Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа сите да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта за сите нас - се наведува во соопштението од МВР.


Нивната објава веднаш поттикна реакции од граѓаните, од кои дел укажуваат дека без одзимање на возилата како казна за возење без возачка дозвола, не може да се очекува промена во однесувањето. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија