29 Септември, 2024
0.0290

Над 200 илјади блокирани сметки на граѓани и фирми!

Објавено во: Анализа 29 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Бројот на блокирани жиро сметки на фирми и физички лица, минатиот месец надмина 200 илјади. Според податоците од Народната банка на Македонија, вкупниот број на блокирани жиро сметки на правни лица и физички лица во јуни годинава изнесувал 206.687 сметки. Од нив 65.782 се жиро сметки на фирми а останатите 140.905 се на физички лица. Споредено со претходниот месец мај, вкупната бројка е зголемена за 23.808 нови блокирани сметки. Блокирани жиро -сметки
                                    Вкупно           правни лица              физички лица Мај   2014                   182.879           62.548                         120.331 Јуни 2014                   206.687           65.782                         140.905
  Во јуни годинава според НБРМ, вкупниот број на блокирани граѓани и фирми изнесувал 97.632 и во споредба со претходниот месец бележи зголемување за 12.895 нови блокирани депоненти. Блокирани депоненти
                                    Вкупно           правни лица              физички лица Мај   2014                   84.737             40.194                         44.543 Јуни 2014                   97.632             42.381                         55.251
  Ако се направи споредба со јуни минатата година,  мерењата на Народната банка покажуваат дека бројот на блокирани жиро-сметки и на блокирани граѓани и фирми континуирано расте.  Така во јуни 2013 година вкупниот број на блокирани жиро сметки изнесувал 157.080 сметки.   Блокирани жиро –сметки Јуни 2013/2014
                                    Вкупно           правни лица              физички лица Јуни 2013                   157.080           60.176                         96.904 Јуни 2014                   206.687           65.782                         140.905
  Според податоците од Централната банка, континуиран пораст е регистриран и кај борјот на блокирани граѓани и фирми. Блокирани депоненти Јуни 2013/2014
                                    Вкупно           правни лица              физички лица Јуни 2013                   73.598             38.731                         34.867 Јуни 2014                   97.632             42.381                         55.251
  Според мерењата на Народна банка, од 2005 година заклучно со минатиот месец вкупниот  број на блокирани жиро –сметки е зголемен за 197.556 нови блокирани сметки. Додека вкупниот број на блокирани депоненти за истиот споредбен период е зголемен  за 90.952 ново блокирани. Блокираните жиро-сметки се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата. Сепак најголем дел од блокираните сметки на граѓаните се по основ на неплатени сметки за струја, парно, вода, радиодифузна такса, рати за кредити. Инаку на почетокот на месецов Собранието го усвои Законот за отпис на долгови на граѓаните од социјално ранливите категории. „За отпишаниот долг  доверителите, односно банките, ЕВН, Топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг. Со сите овие субјекти се направени разговори и за нив е прифатливо да извршат отпис на долгот при што е и прифатлив и утврдениот процент кој максимално се движи 10 проценти од отпишаниот долг“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески, на собраниската дебата кога се гласаше законот. Со овој закон е предвидено отпис на  долговите на најранливата категорија граѓани – корисници на социјална помош, корисници на постојана парична помош, невработени лица кои бараат работа подолго од 12 месеци, лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или поради инвалидитет. Со отписот на долговите се очекува да бидат опфатени 50-100.000 грагани. Отписот ќе важи за долгови по основ на неплатени сметки за струја, долгови кон банките по основ негативни салда по тековни сметки, долгови за парно греење и радиодифузна такса. Според креаторот на законот, до октомври треба да заврши целата постапка за отпис на долговите за социјално ранливите категории граѓани. Инаку според податоците на Народната банка, во јуни бројките покажуваат дека расте и салдото на нефункционални кредити. Така, заклучно со првата половина од годинава нивото на сомнителни и спорни побарувања се искачи на 458 милиони евра и во однос на мај е зголемено за 2,5 милиони евра. По завршување на првите шест месеци од годинава, домаќинствата, односно населението, по основ на кредити на банките им должат повеќе од 1,6 милијарди евра. Ј.С.