Добивај вести на Viber
Во последните 12 месеци без работа останале над 22.000 луѓе во Бугарија, изјави економистот Георги Ангелов, пренесуваат бугарските медиуми.
Ангелов овие податоци ги претставил на дебатата која се одржа во Софија под името “Идеи за поттик на економскиот раст, како да помогнеме самите на себе“.
„Вработените сиромашни стануваат невработени сиромашни. Проблемот на нееднаквоста повеќе не се сведува на разликата во платите меѓу богатите и сиромашните, туку на фактот дека постојат луѓе без никакви примања и без можност да се вработат“ - изјави економистот.