19 Декември, 2025
0.1024

Над 300 излагачи ќе се претстават на Меѓународниот саем на градежништво

Објавено во: Економија 05 Март, 2013 09:55

Добивај вести на Viber

Над 300 компании со разновидна програма од градежништвото ќе се претстават на 10. издание на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, кој што денеска на Скопскиот саем ќе го отвори вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Паралелно со најголемиот бизнис настан од областа на градежништвото  Скопски саем ќе биде домаќин  и на 3. Саем за недвижности и инвестиции RealExpo.

Меѓу најавените компании на Саемот за градежништво што ќе трае до 9 март, дел ќе изложуваат прв пат, а дел по неколку годишно отсуство повторно се враќаат во халите на Скопски саем. Во три изложбени хали на површина од 9.000 метри квадратни ќе претстават градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепаци, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозори. Во надворешниот изложбен простор ќе се претстават компании со програма од градежната механизација.  Покрај домашни, на саемот ќе има компаниите од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово, Германија...

„Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за 10 проценти во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето тоа ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки  во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории“, изјави oперативниот директор на Саемот за градежништво Валентина Димитрова.

Карактеристика на Саемот за недвижности, пак, ќе биде најавената понуда од инвеститорите на 1.500 нови станови. На штандовите ќе се вршат промоции на нови објекти и ќе се промовираат поволните услови за купување станови преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Потенцијалните купувачи на недвижнини ќе можат да ги проследат градежните и инвеститорски компании  „Адора”, со понуда на енергетско ефикасни станови во Скопје, Охрид и Струмица, „Трим”, со станови во Скопје и Охрид, „Настел“, со  станови во Скопје, како и понудите на „Импексл 2”, „Еуроактива” и „Курум Холдинг” со  објект Гранд Престиж.

Во текот на саемот ќе се одвиваат и повеќе настани во Конгресниот центар на Скопски саем и на штандовите на изложувачите. Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на тема „Искористување на волната и текстилниот отпад во изработката на изолациски материјали за градежната индустрија”, која ќе се одржи в среда, во организација на Агенцијата за енергетика, CeProSARD и Скопски саем. Проектот „Урбан Еко Експо 2013“ ќе има промоција во Метрополис Арена, каде секојдневно ќе се одвиваат презентации и промоции на тема „Зелена урбана палета“. Проектот е во соработка со Саемот на градежништво, Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“, „Улици и патишта“, „Јавно сообраќајно претпријатие“, „Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“ и  „Дрисла“.

Од Скопски саем очекуваат годишното издание на саемите за градежништво и за недвижности да надмине 15.000 посетители

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар