19 Декември, 2025
0.1001

Над 300 компании ќе се претстават на Меѓународниот саем за градежништво

Објавено во: Економија 04 Март, 2013 12:50

Добивај вести на Viber

Од утре па до 9 март на Скопскиот саем ќе се одрзи Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација. како сто информираат од Скопски саем, во фокусот ќе бидат производите за широка потрошувачка, а ќе се претстават 300 компании со разновидна програма од градежништвото како: градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепаци, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозори во три изложбени хали. Компаниите со програмата - градежна механизација ќе се претстават во надворешниот изложувачки простор. „Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за околу 10% во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето ова ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории”, изјави оперативниот директор на Саемот за градежништво – Валентина Димитрова. За времетраење на саемот ќе се одвиваат и бројни настани во Конгресниот центар на Скопски саем и на самите штандови на изложувачите. Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на тема “Искористување на волната и текстилниот отпад во изработката на изолациони материјали за градежната индустрија”, која ќе се одржи на 6 март (среда) во Дипломатик сала, а е во организација на Агенцијата за енергетика на РМ и ЦеПроСАРД и Скопски саем. Проектот “Урбан Еко Експо 2013“ ќе има своја промоција во Метрополис Арена, каде секојдневно ќе се одвиваат презентации и промоции на тема “Зелена урбана палета“. Учеството на повеќе од 300 претставени компании како и на инвеститорите во рамките на РеалЕкспо, ќе им овозможи на очекуваните 15.000 посетители, исклучителна можност за поефикасно планирање на своите градежни активности. Ќе има повеќе претставници од Србија, а традиционално ќе учествуваат и компании од Турција,Словенија и Германија.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар